Google започна со тестирање на можноста да лентата за адреси во Chrome на iOS биде по избор преместена на долната страна од апликацијата. Ова е стилот кој го користи Safari од Apple, исто така по избор, па може да се каже дека ваквата поставеност е карактеристична за iOS.
Можноста им е достапна на дел од корисниците на тест верзијата од Chrome за iOS која може да се инсталира преку TestFligh апликацијата од Apple која е начинот за инсталирање на бета верзии на платформите од компанијата.
Во оваа фаза, не сите корисници на тест верзијата од Chrome имаат пристап до можноста, а и тие што имаат, треба посебно да ја вклучат преку „chrome://flags“.
Кога е вклучена, можноста е достапна преку два дела, односно преку прилагодувањата на Chrome, како и побрзо преку притискање и држење директно на лентата.
Не е уште познато кога оваа новина може да се очекува во стабилната верзија од Chrome на iOS. Поради фактот што истата не им е достапна на сите корисници на бета верзијата, не може точно да се процени.
Како и да е, оваа можност е добредојдена, а посебно во време кога телефоните се со доста големи екрани. Поставувањето на лентата на долната страна овозможува полесна работа со една рака, нешто што не е баш можно така лесно кога треба да се стигне со палецот на горниот дел од екранот.
Засега нема знаци дека истото се планира и на Android, па ќе видиме во месеците што следат дали сепак ова ќе остане промена достапна само за корисниците на iPhone.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



