LG, поточно подружницата LG Innotek, претстави нов модул за камерите кај смартфоните кој кратко кажано, донесува вистинско оптичко зумирање кое исто така ќе овозможи и задржување на квалитетот на сликата при сликање на вакви слики.
Овој нов модул наречен Optical Telephoto Zoom Camera Module, ќе биде официјално претставен на CES 2023 идната недела, а од компанијата веќе добија награда од саемот за овој производ.
Најавена е и соработка со Qualcomm, па новиот модул се најавува дека ќе го видиме кај смартфоните идната година кои ќе работат на Snapdragon 8 Gen 2, а овој чип ќе биде задолжен и за автоматското фокусирање и слични функции на камерите.
Тоа што го прави модулот од LG различен од тие што се користат моментално кај телефоните е што тој користи делови кои се движат, за менување на фокусното растојание, односно функционира исто како што функционираат професионалните DSLR камери и „mirrorless“ камери.
Наместо да се користат фиксни модули со различно фокусно растојание, односно различни нивоа на зумирање, модулот на LG е еден и ги движи леќите за добивање на саканото ниво на зумирање.
Ова овозможува задржување на квалитетот на сликите, затоа што не се користи дигиталното зумирање како помош, а исто така зафаќа помал простор во уредот.
LG истакнуваат дека користењето на нивната најново развиена технологија овозможува да овој еден модул е помал, со што се трга и потребата да камерата излегува од уредот на задната страна.
Корисниците на телефони со модулот од LG ќе можат да го бираат нивото на зумирање од 4 до 9 пати, нешто што можеби не е споредливо со 100x понудата кај конкурентите, но со многу поголем квалитет на сликата.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



