Со претставувањето на MacBook Air со M1 чипот во 2020, Apple го постигна тоа што Microsoft со години се обидува, претставување на мал и моќен лаптоп компјутер кој работи на штедливите ARM чипови.
Apple оваа серија на процесори ја прошири на сите нивни компјутери, па дури и таблет компјутери, а ARM чиповите веќе не се сметаат само за штедливи, па стануваат и навистина моќни.
Тоа што фали сите овие години е конкуренција од страна на Windows, па иако Qualcomm цело време има свои ARM чипови за компјутерите, преку Snapdragon 8cx серијата, сепак тие ни приближно не можат да се споредат со М од Apple. Поради тоа на пазарот и не можеме да видиме сериозни конкуренти на MacBook серијата.
После неколку најави, Qualcomm и официјално го претстави резултатот од купувањето на компанијата Nuvia чиј основачи се поранешни вработени во Apple, а тоа е новиот Oryon процесор за кого има и тужба од ARM.
На основа на овој нов процесор ќе бидат направени чиповите од нова серија која Qualcomm ја најави оваа недела. Snapdragon X ќе биде серијата која изгледа конечно ќе донесе сериозна конкуренција на Apple.
Од Qualcomm подобрувањето на перформансите и ефикасноста во споредба со Snapdragon 8cx серијата го нарекуваат „квантен скок“, а очекувано доста големо значење се дава на вештачката интелигенција.
Повеќе за овие чипови ќе дознаеме во периодот што следи, а со нетрпение ги очекуваме и првите компјутери со Windows кои ќе работат на Snapdragon X.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



