Фото: DepositPhotos

Anthropic го објави Claude Sonnet 5, нов модел кој компанијата го опишува како модел кој доаѓа со најголеми способности за работа со функции на „ВИ агент“ во својата Sonnet серија досега. 

Способен е самостојно да прави планови, да користи алатки како прелистувачи и терминали и да работи автономно на ниво кое до пред неколку месеци им беше резервирано на поголемите и поскапи модели.

Според Anthropic, перформансите на Sonnet 5 се приближуваат до оние на Opus 4.8, но по пониска цена. Во споредба со претходникот Sonnet 4.6, моделот покажува значителни подобрувања во расудување, користење алатки, програмирање и работа со документи. Тестирањата покажуваат дека при повисоко ниво на „напор” резултатите понекогаш го достигнуваат нивото на Opus 4.8, што им дава на корисниците можност сами да го балансираат односот меѓу цена и перформанси.

Фото: Anthropic

Компанијата истакнува дека Sonnet 5 покажува пониска стапка на несакани однесувања во агентни контексти отколку Sonnet 4.6, со подобра отпорност на обиди за „hijacking” преку „prompt injection“ напади и помала склоност кон халуцинации. 

Сепак, моделот сè уште заостанува зад Opus 4.8 и Mythos Preview во однос на безбедносните проценки. Важно е и тоа што Sonnet 5 намерно не бил трениран за безбедносни задачи, па неговите способности за развивање „слабости“ се значително послаби од оние на Opus моделите.

Sonnet 5 е достапен веднаш на сите претплати, стандардно за бесплатните и Pro корисниците, а изборно за Max, Team и Enterprise. Преку Claude Platform, моделот стартува со воведна цена од 2 долари за милион влезни токени и 10 долари за милион излезни токени, цена важечка до 31 август 2026 година, по што цената ќе се зголеми на 3, односно 15 долари за милион токени.