ChatGPT отсега ќе може да се користи директно во двете најкористени апликации за табели, Microsoft Excel и Google Sheets. Вештачката интелигенција од OpenAI станува достапна како додаток за овие две апликации, па корисниците ќе можат директно да ја користат и добиваат помош.
Како што е случајот и со другите додатоци, ChatGPT ќе биде достапен преку лента од десната страна на корисничкиот интерфејс, од каде ќе може да се „разговара“ како што тоа се прави и во самата апликација од овој „четбот“.
ChatGPT во Excel и Sheets ќе може да се користи за изработка на целосни табели, за добивање на анализи, додавање и измена на формули и повеќе.
Доста важно и нешто што повеќето вакви алатки веќе го имаат како функција е следењето на чекорите на ВИ, односно корисниците можат точно да видат што е тоа што е направено и зошто.
Дел од напредните функции на апликациите, а посебно Excel, сѐ уште не се достапни, односно ChatGPT нема да може да помогне кога се во прашање Office Scripts, Power Query, Pivot/Data и слично.
ChatGPT додатокот кај Excel и Sheets работи на најновата верзија од јазичниот модел, односно на GPT-5.5, а исто така е достапен во целиот свет за сите видови на корисници.












































