По повод јубилејот – 5 години Magenta 1, продолжуваме со прославата со промотивен HBO пакет за сите приватни и деловни корисници на MaxTV. Од 4 ноември до 15 јануари, корисниците ќе можат да уживаат во ексклузивните филмски содржини на HBO.
Приватните корисници можат да го активираат пакетот преку Telekom MK апликацијата, а деловните преку IPTV платформата и бесплатниот телефонски број 142 558. Во промотивниот период HBO пакетот ќе биде вклучен во месечната претплата.
Освен HBO пакетот, корисниците можат да активираат и 10 GB мобилен интернет кој е еднократен и достапен за сите приватни постпејд корисници, како и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели. Промотивниот мобилен интернет се активира само преку Telekom MK апликацијата, со цена од еден денар и може да се искористи 30 дена по активирањето. Промоцијата трае ограничен период.
5 години сме поврзани, споделувавме и уживавме заедно во придобивките на пакетот кој ги обединува сите Телеком услуги, на едно место и во една сметка, за целото семејство и за сите бизнис потреби. Низ перспектива од пет години ја подобрувавме и ја прилагодивме понудата на новото дигитално време и Magenta 1 сега е најдобрата понуда на интегрирани услуги на пазарот.
Ви благодариме на довербата.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



