Фото: Стартап Клуб Скопје

Имаш идеја за бизнис, но сè уште не си го направил/а првиот чекор? Остануваат уште само 3 дена за аплицирање на четвртото издание на инкубаторската програма #ИмамИдеја4, во организација на Startup Club Skopje.

Програмата е наменета за сите кои имаат иновативна бизнис идеја и желба да ја претворат во одржлив стартап. Не ти е потребен готов продукт, инвеститор или претходно стартап искуство. Потребни ти се идеја, тим и желба да создадеш нешто што може да расте и надвор од Македонија.

Во текот на тримесечната програма, избраните тимови ќе работат со искусни ментори и основачи, ќе го развиваат својот MVP и ќе се подготвуваат за своите први платени корисници или клиенти.

Досега, #ИмамИдеја привлече над 400 апликации, од кои 43 стартапи станаа дел од програмата.

Аплицирај преку Форма за аплицирање и направи го првиот чекор кон претворање на твојата идеја во бизнис.

Фото: Стартап Клуб Скопје

Твојата идеја ќе биде дел од Startup Revolution AI Summit

Од сите пристигнати апликации, 30 идеи ќе бидат избрани за претселекција и ќе добијат можност да ги претстават своите идеи на Startup Revolution AI Summit, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Македонската филхармонија во Скопје.

Самитот ќе собере над 2.000 учесници, инвеститори од целиот свет, интернационални ментори и основачи на 10 unicorn стартапи, компании со вредност од над 1 милијарда долари.

Учесниците во претселекцијата ќе добијат пристап до менторски сесии, можности за вмрежување и директен контакт со инвеститори и експерти кои активно градат компании на глобалниот пазар.

Дополнително, ќе имаат можност да учествуваат на менторски сесии со интернационални основачи, инвеститори и експерти од различни индустрии. Меѓу нив се ментори од HelpBnk, глобалната платформа основана од Simon Squibb, како и претставници од CAKE.com и други успешни компании.

На листата на ментори се и Ethan Mayers, трикратен CEO и основач од САД, Francesca Hodgson, Program Director на инкубаторска програма при University of Cambridge во Лондон, како и Kobi Kalderon од Gold Ventures Investment, и многу други. Преку овие сесии, учесниците ќе добијат практични совети за развој на своите идеи, ќе можат да постават прашања и да се поврзат со луѓе кои имаат искуство во градење, финансирање и развој на стартапи.

Startup Stage е наменета за стартапи во рана фаза, со можност за учење, поврзување и претставување пред инвеститори и експерти. Целосната агенда на самитот е достапна тука.

Од избрана идеја до вистински стартап

По селекцијата, 15 најдобри тимови ќе станат дел од тримесечната инкубаторска програма #ИмамИдеја4 и ќе добијат:

  • Поддршка во вредност од 20.000 евра по тим.
  • Пристап до најнови AI алатки.
  • Практични работилници и менторска поддршка.
  • Директен пристап до инвеститорска мрежа.
  • Можност за презентација пред инвеститори и потенцијални партнери на завршниот Demo Day.

Програмата се реализира со поддршка од ПроКредит Банка, стратешки партнер посветен на развојот на локалниот стартап екосистем.

Имаш идеја? Не чекај да биде совршена.

Повикот е отворен за сите, без ограничување на возраст, индустрија или број на членови во тимот. При изборот ќе се земат предвид квалитетот на тимот, пазарниот потенцијал, иновативноста и интеграцијата на вештачка интелигенција.

Остануваат уште само 3 дена за аплицирање. Твојата идеја можеби е следниот стартап што ќе се развива од Скопје кон светот.

За да бидеш меѓу избраните 30 идеи, аплицирај тука и претстави ја својата идеја пред стартап заедницата, ментори и инвеститори од целиот свет. 

Startup Club Skopje преку #ИмамИдеја продолжува да ја гради локалната стартап сцена со јасна мисија: стартапи градат стартапи.