Atlas е изменета верзија од Windows 10 која треба да им овозможи на гејмерите подобро искуство кога ги играат игрите. Од друга страна, Atlas се промовира и како одлична алтернатива на Windows 10 за корисниците кои имаат постари и веќе забавени компјутери.

Причината поради која овој оперативен систем е погоден за овие две ситуации е тргањето на голем дел од функциите, процесите и сервисите со кои стандардно доаѓа Windows 10. Со тоа се добива намалување на просторот на дискот кој е зафатен од системот, помала потрошувачка на RAM, помало оптоварување на процесорот, помала латенција при користење на компјутерот и слично. Сето ова треба да овозможи подобро искористување на компутерот за играњето на игрите, а тие наводно ќе добијат и поголем „framerate“.

Развивачите на Atlas истакнуваат дека бројот на процеси е намален од 145 на само 35, што е огромна разлика. RAM меморијата која ја користи системот исто така е намалена од 1,5GB на само 600MB.

Може да се претпостави зошто покрај за играње игри, овој систем се промовира и како одличен за постарите компјутери кои немаат доволно ресурси да ги користат модерните верзии од Windows .

Со цел подобрување на перформансите, сепак тргнати се дел од функциите кои се поврзани со безбедноста, а и самите развивачи го истакнуваат тоа. Тргнати се можноста за надградба на системот, користењето на TPM чип, Bitlocker, Windows Defender и слично. Се истакнува дека ако некоја функција влијае на перформансите, таа ќе биде тргната, па корисниците имаат поголем ризик од познатите Spectre и Meltdown малициозни софтвери.

Во продолжение можете да го погледнете и видеото во кое се тестираат тврдењата за подобрени перформанси со Atlas, па во комбинација со безбедносните ризици, дали вреди да се користи.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаСтартапите C-Lab Samsung Electronics дебитираа на саемот CES 2023
Следна статијаThe Ice Straw се замрзнати сламки направени само од вода како замена за пластичните
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.