Џон Просер, преку неговиот YouTube канал „fpt.“, објави ново видео во кое го прикажува според него финалниот изглед на iPhone 18 Pro.
Просер отсекогаш бил интересен за гледање и привлекувал внимание, но тоа е случајот уште повеќе по тужбата од Apple за откривањето на Liquid Glass дизајнот преку уред на сега веќе поранешен вработен на компанијата.
Новото видео во главно ги сумира сите досегашни гласини поврзани со iPhone 18 Pro, направени во одлична „анимација“ од уредот.
Како што веќе очекуваме, iPhone 18 Pro нема да донесе големи промени, па од аспект на изгледот најмногу ќе може да се забележи дополнителното намалување на „динамичниот остров“.
Главната новина може да се каже дека ќе биде кај камерите, па главната ќе добие „варијабилен отвор“ (variable aperture), нешто што би требало да направи доста голема разлика кај сликањето, а посебно кај ефектите за длабочина.
Целото видео можете да го погледнете во продолжение.













































