Задутре, односно во среда на 9 септември, Apple ќе го одржи нивниот традиционален за овој период од годината iPhone настан. Како што веќе им е познато на повеќето кои ги следат информациите, на овој настан се очекува претставувањето на првиот iPhone на преклоп.
Презентацијата ќе биде предводена од новиот директор на компанијата, Џон Тернус, за кого ќе биде интересно да се види дали ќе успее да направи одредени промени во годините што следат, покрај сѐ уште активниот Тум Кук.
Џон Просер, кој е познат по предвременото презентирање на производите од Apple, за што има и активна тужба од компанијата, објави видео во кое ги презентира уредите кои се очекува да бидат претставени во среда, секако одлично „анимирани“ врз основа на неофицијалните информации.
Уредите кои се очекува да бидат претставени на настанот ги вклучува iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max, првиот iPhone на преклоп, како и наредните генерации од паметните часовници и слушалки.
Веќе е скоро сигурно дека основниот iPhone 18 ќе биде преместен за првата четвртина од идната година, а според најновите шпекулации, тој дури може да биде заменет со iPhone Air 2.
Просер прави одлични видеа кои се направени врз основа на шпекулациите, па еве го најновото во продолжение.






































