Скопје 27 август 2026 година – компанијата Самсунг („Samsung“) денеска ја претстави својата линија гејминг монитори Odyssey за 2027 година на Gamescom 2026, најголемиот гејминг настан во светот, кој се одржува во Келн, Германија, од 26 до 30 август. Новата линија носи повеќе модели Odyssey со иновации кои се први во светот, овозможувајќи им на играчите поголема разновидност во однос на брзината, големината на екранот, квалитетот на сликата и флексибилните режими на прикажување.
„Играчите доаѓаат на Gamescom за да откријат што следува, да испробаат нови игри и да ја искусат технологијата што им е потребна за да останат фокусирани и да се натпреваруваат на најдобро ниво“, изјави извршниот потпретседател на бизнисот за визуелни дисплеи (VD) на Samsung, Хун Ли „Hun Lee“. „Со нови формати, повисоки стапки на освежување и напредни технологии за прикажување, линијата Odyssey за 2027 година им нуди на играчите поголем избор за компетитивно играње, кинематографски игри и повеќенаменски поставувања.“
„Samsung“ ќе ја претстави линијата Odyssey за 2027 година на Gamescom 2026
„Samsung“ за првпат ќе ја претстави линијата Odyssey за 2027 година за време на својата посветена сесија на Gamescom 2026, „#PlaySamsung: The Next Era of Gaming Displays“, која ќе се одржи на 27 август во 10:30 часот по средноевропско време. На сесијата ќе се истражува како големината на екранот, резолуцијата, стапката на освежување и режимите на прикажување одговараат на различни игри и стилови на играње.
Odyssey OLED G9 (модел G95SJ) и Odyssey OLED G7 (модел G75SJ) ќе бидат претставени на сцената, додека Odyssey OLED G8 (модел G80SJ) и Odyssey G6 (модел G60H) ќе бидат претставени на екранот во рамки на воведното излагање.
Како дел од сесијата, „Samsung“ ќе го истакне и своето партнерство со Activision Blizzard за HDR10+ GAMING, со што се овозможува побогат HDR гејминг во процесот на развој на Call of Duty®: Modern Warfare® 4. Технологијата им помага на компатибилните Odyssey монитори и дисплеите на Samsung да прикажуваат бои и контраст што попрецизно ја одразуваат креативната замисла на секоја игра. Samsung планира да го прошири екосистемот HDR10+ GAMING на повеќе од 20 AAA наслови до првата половина на 2027 година.
Компанијата, исто така, ќе ја прикаже и својата растечка поддршка за Odyssey 3D игри, развиена преку директна соработка со студијата за игри. Новите поддржани наслови, меѓу кои Cyberpunk 2077 и Cronos: The New Dawn, ќе бидат претставени на сцената за да покажат како Odyssey 3D додава длабочина и просторна перспектива на деталните светови во игрите.
Odyssey OLED G9: 49-инчен OLED со брзина за ултрашироко гејминг искуство
Odyssey OLED G9 е првиот 49-инчен DQHD гејминг монитор во светот со стапка на освежување од 360 Hz. Тој располага со QD-OLED панел од петтата генерација со технологијата Penta Tandem™. Неговата петслојна структура на панелот е до 1,3 пати поефикасна и нуди до двојно подолг животен век во споредба со претходната генерација. RGB Stripe распоредот на потпикселите го намалува појавувањето на рабови во боја и овозможува појасен текст, додека дисплејот достигнува максимална осветленост до 1.300 нити на прозорец од 3% при 4K резолуција.
Создаден за играчи кои сакаат пошироко видно поле без да се откажат од брзината, Odyssey OLED G9 нуди Dual QHD резолуција (5120 x 1440), стапка на освежување од 360 Hz, време на одзив од 0,03 ms GtG и поддршка за Dual Mode. Играчите можат да користат DQHD на 360 Hz за широк приказ со висока резолуција или да преминат на Dual HD (2560 x 720) со брзина до 720 Hz кога сакаат уште повисоки перформанси.
Odyssey OLED G8: 4K OLED квалитет на сликата и брзина со три режими
Odyssey OLED G8 е 32-инчен UHD OLED гејминг монитор кој го комбинира квалитетот на сликата на QD-OLED со максимална стапка на освежување од 360 Hz за брзо и непречено играње и поддршка за Triple Mode. Тој располага со QD-OLED панел од петтата генерација со технологијата Penta Tandem™ и RGB Stripe потпиксели, а играчите можат да избираат меѓу UHD на 360 Hz, QHD на 520 Hz и FHD на 680 Hz за да постигнат баланс меѓу резолуцијата и брзината во зависност од играта, уредот и поставките за перформанси. Дополнително, технологијата Glare Free на „Samsung“ користи филм кој е 54% помалку сјаен во споредба со конвенционалниот антирефлексен филм, со што се намалуваат надворешните рефлексии за појасен приказ при дневно играње.
Мониторот, исто така, има време на одзив од 0,03 ms GtG и VESA DisplayHDR TrueBlack 600. Поддржува AMD FreeSync Premium Pro и NVIDIA G-SYNC Compatible за детални HDR визуелни прикази и непречено играње. Поврзувањето вклучува еден DisplayPort 2.1 UHBR20, два HDMI порти, еден USB-C порт со 98 W Power Delivery, USB хаб со два downstream порти и KVM поддршка.
Odyssey OLED G7: Нова категорија со 42-инчен заоблен OLED гејминг монитор
Odyssey OLED G7 е првиот 42-инчен 16:9 заоблен OLED гејминг монитор во светот, со површина на екранот приближно 72% поголема од претходниот 32-инчен модел.Тој комбинира закривеност од 1000R, 4K OLED квалитет на сликата, стапка на освежување од 165 Hz и време на одзив од 0,03 ms GtG во досега невидена конфигурација за оваа категорија.
Неговиот заоблен екран, со радиус од 1.000 mm, ги приближува рабовите до линијата на видното поле на играчот, овозможувајќи масивен кинематографски приказ оптимизиран за RPG и игри со отворен свет. Во исто време, технологијата Glare Free ги намалува рефлексиите од надворешните извори на светлина за појасен приказ при дневно играње.
Odyssey G6: Компетитивното играње го подигнува на 1.100 Hz
27-инчниот Odyssey G6 е првиот гејминг монитор во светот со 1.100 Hz, наменет за FPS играчи на кои брзината и јасноста при движење им се најважни. Тој се надоврзува на моделот претставен на CES 2026 со надградена финална спецификација за лансирање од до 1.100 Hz во HD и до 600 Hz во QHD преку Dual Mode.
Со Fast IPS панел и време на одзив од 1 ms, Odyssey G6 им овозможува на компетитивните играчи да изберат дали ќе дадат приоритет на поостри QHD детали или на повисока стапка на освежување. Odyssey G6 ќе биде достапен глобално во втората половина на 2026 година.
Достапност
Линијата Odyssey за 2027 година се надоврзува на лидерската позиција на „Samsung“ како бренд број 1 за гејминг монитори во светот седум последователни години.
Достапноста ќе се разликува зависно од пазарот, додека времето на лансирање и цените ќе бидат објавени подоцна.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Samsung.







































