Неофицијално можеше да се прочита за нова функција со вештачка интелигенција на која работат од Google и која е интересно наречена Jarvis, не знам дали е намерно избрано името кое го видовме во Iron Man филмовите.
За Jarvis обично се кажува дека може да го преземе компјутерот на корисникот, но мислам дека тоа е до некаде погрешен начин да се опише со цел да звучи интересно.
Тоа што Jarvis треба да може да го направи е да извршува задачи за корисникот за кои е потребно отворање на повеќе веб страни, односно извршување на повеќе активности.
Конкретно се мисли на можноста да се побара од Jarvis да купи намирници, на пример или да резервира лет и слично.
Ова секако е доста покорисно од сегашната можност на дигиталните асистенти да кажат каква е временската прогноза или што е следно на календарот.
Според досегашните информации, Jarvis AI треба да биде претставен во декември, односно идниот месец, па ќе видиме дали тоа навистина ќе биде така и какви ќе бидат можностите.
Едно може да се каже со сигурност, ова е правецот во кој ќе се развива вештачката интелигенција, па ако не идниот месец, нешто вакво сигурно ќе видиме наскоро.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



