
Во ноември минатата година, SpaceX има направено тест лебдење на својата Dragon 2 капсула коешто траело 5 секунди. Снимката од ова тестирање оваа недела е објавена во јавноста, па може да добиеме претстава што уште спремаат од оваа компанија.
Dragon 2 е капсула наменета за превезување на екипаж во вселената. Како што е напорот изминатиот период леталата сигурно да се вратат на земјата за повторно да можат да се искористат, во случајот со летала наменети за екипаж, тоа не е избор.
Овие летала обично слетуваат со помош на падобранци, а по примерот на Falcon 9 ракетата, SpaceX сакаат и делот наменет за екипаж да слета со помош на ракетни мотори.
Тестот којшто е направен успешно постигнува до 15.000 килограми потисок во период од 5 секунди. Овој начин на слетување треба да овозможи забавување на леталото при слетување, наместо падобранците. Со тоа леталото ќе може исто како и ракетата, да слета на точно одредена локација, а и целиот процес треба да е поудобен.
За слетување на леталото, односно постигнување на саканиот потисок, се користат 8 мотори наречени SuperDraco.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



