Фото: Provence Agency

Скопје, 10 септември 2026 година – Остануваат уште само неколку дена до затворањето на повикот за учество во Local Growth Initiative, иницијативата на Provence Agency за поддршка на малите и средни претпријатија во Македонија преку стратешка комуникација, позиционирање, брендирање и практична поддршка во градењето на нивната пазарна препознатливост.

Повикот е отворен до 14 септември 2026 година, а предвидените капацитети за компаниите што ќе бидат дел од првиот циклус на иницијативата се речиси исполнети.

Local Growth Initiative беше започната со цел да им обезбеди стратешка и практична комуникациска поддршка на домашните компании кои имаат потенцијал за понатамошен раст, но имаат потреба од појасно позиционирање, посилен бренд и поорганизиран пристап кон комуникацијата со своите целни групи.

Во рамки на иницијативата, избраните компании ќе добијат анализа на нивната моментална комуникација, подготовка на комуникациска стратегија, предлог и реализација на пилот комуникациска кампања, како и конкретни препораки за понатамошен развој и јакнење на нивната пазарна позиција.

Проектот се реализира по модел на кофинансирање, при што 75% од трошоците за подготовка и реализација на комуникациската стратегија и пилот активностите ги покрива Provence Agency заедно со своите партнери и соработници, додека избраните компании учествуваат со 25% од вкупната инвестиција.

„Интересот што го добивме во изминатиот период ни покажа дека постои реална потреба од ваков тип поддршка кај малите и средни претпријатија. Со оглед на тоа што капацитетите за првиот циклус се речиси исполнети, ги охрабруваме компаниите кои сè уште размислуваат за пријавување да ја искористат последната недела од повикот и да ни ја претстават својата идеја, бизнис и цели“, велат од Provence Agency.

Повикот е наменет за мали и средни претпријатија кои активно работат најмалку една година, остваруваат приходи и имаат амбиција да инвестираат во понатамошниот развој на својот бизнис.

Заинтересираните компании можат да се пријават со испраќање:

  • краток опис на бизнисот; 
  • официјално име на компанијата; 
  • цели што сакаат да ги постигнат во наредниот период. 

Апликациите се испраќаат на office@provenceagency.net, со назнака:

„Повик за поддршка на мали и средни претпријатија“ – [Име на компанијата]

Краен рок за пријавување: 14 септември 2026 година.