Фото: Shutterstock.com

Сѐ уште чекаме на некакво подобрување на технологијата на батериите, па ако не по цела недела како старите телефони, смартфоните да можат да издржат до 2-3 дена активно користење. 

За жал, повеќето од нас телефоните ги полниме секој ден, а доколку денот се погоди со почесто користење, ретко кој телефон или уред успева да издржи без уште едно полнење. 

Без разлика за каков уред се работи и колку често се полни, сите ние имаме некоја граница после која сметаме дека уредот не би било добро да не го наполниме, односно граница после која не фаќа „паника“ или анксиозност. 

Според мало истражување од страна на американската компанија Talker Research, направено онлајн на 2000 американци, границата, односно како што ти го нарекуваат „процентот на паника“ кај овие корисници е 38%. 

Тоа значи дека повеќето корисници реагираат прилично брзо по пад на батеријата под 50% и сметаат дека веќе не можат слободно да го користат својот уред без да стават да се полни. 

Разлика имало сепак зависно од возраста на корисниците, па помладите размислуваат за полнење веќе на околу 43%, додека постарите корисници чекаат до 34%, а 13% од корисниците не ги интересира многу батеријата, па уредот го полнат дури кога истата ќе падне под 10%. 

Повеќето производители предупредување за батеријата вклучуваат кога истата ќе падне под 20%, па корисниците имаат можност да го вклучат режимот за заштеда на батеријата. 

Во истражувањето се истакнува и дека 61% од корисниците го имаат вклучено процентот од батеријата, додека останатите доволно им е да ја гледаат само иконата. 

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаGoogle Messages ќе ги означи контактите кои имаат активирано RCS
Следна статијаSamsung ги претставува Galaxy XCover7 Pro и Galaxy Tab Active5 Pro: Издржливи уреди за извонредност од врвна класа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.