Фото: Shutterstock.com

Стандардно за Apple, од компанијата доцнат со користењето на OLED екрани кај нивните производи, барем ако се спореди со конкурентите на пазарот. Сепак, нивните главни производи веќе се префрлени на оваа технологија, а последно такво префрлување беше минатата година со iPad Pro. 

До некаде може да се каже дека и во овој случај доцнењето е во стилот на компанијата, односно кога Apple нешто претставуваат подоцна, обично има и причина за тоа. OLED екранот кај iPad Pro е наречен Tandem OLED и во основа донесува подобро осветлување и бои, нешто што е до некаде проблем на технологијата. 

Покрај iPad Pro, OLED технологијата се користи и кај iPhone и Apple Watch. 

Веќе неколку пати можевме да прочитаме дека OLED екран ќе добијат и MacBook Pro лаптоп компјутерите, а најновата шпекулација дури најавува дека тој екран ќе биде на допир. 

Според Марк Гурман, наредниот уред за кого може да се очекува надградба со OLED екран е iPad mini. Овој уред се очекува во првата четвртина од идната година, а со новиот екран се најавува и зголемување на цената од 100 долари. 

Очекувано, сите производи од Apple треба да бидат префрлени на OLED, а според Гурман такво нешто нема да биде случајот само со основниот iPad таблет. 

За MacBook Air и iPad Air може да се очекува додавање на OLED екран во наредните неколку години. 

За iPad mini се најавува и делумна измена кај куќиштето поради воведување на отпорност на вода.