Фото: Park Ji-min / The Chosun Daily

Galaxy Z TriFold е сѐ уште неофицијалното име на новиот вид на уред на преклоп кој од Samsung треба да го претстават, најверојатно оваа година

Дека овој уред не е само шпекулација можеме да заклучиме од неколкуте најави на саемите за технологија, а сега од компанијата и официјално го прикажаа овој уред. 

Уредот беше прикажан во рамките на APEC – Asia-Pacific Economic Cooperation самитот, но беше поставен зад стаклена кутија, што значи дека уредот сѐ уште не е доволно подготвен за да може да се проба од страна на присустните. 

Во кутијата се поставени два уреди, односно едниот затворен, а другиот отворен, па барем може да се добие претстава за големината и дебелината. 

Инаку, како што може да се заклучи од самото име, овој уред се преклопува на три дела, наместо на два како Galaxy Z Fold, па може да се каже дека со овој вид на уреди, корисниците веќе нема да имаат потреба од таблет компјутери. 

Во џебот ќе може да се носи уред кој се отвора во 10 инчен таблет, повеќе од доволно за обична работа која не е замислена да го замени лаптоп компјутерот. 

Сѐ уште не е познато кога може да се очекува официјалното претставување на Galaxy Z TriFold, но оваа презентација дефинитивно ни кажува дека денот не е далеку.