Фото: Samsung

Скопје, 23.11.2026 година – Компанијата Самсунг („Samsung“) денес го претстави 27-инчниот Odyssey G6 (G60H), првиот гејминг монитор во светот што поддржува стапка на освежување до 1.100 Hz во HD резолуција. Мониторот исто така има Двоен режим (Dual Mode), што им овозможува на играчите да избираат помеѓу HD до 1.100 Hz и QHD до 600 Hz за да одговара на нивната игра и претпочитан стил на играње.

Odyssey G6 е дизајниран за брзо темпо на играње, каде што играчите треба да го следат движењето и да реагираат брзо. Неговиот Fast IPS панел ги комбинира високите стапки на освежување со време на одговор сиво-до-сиво (GtG) од 1 ms, помагајќи да се намали замаглувањето при движење и да се обезбеди поглатка акција на екранот.

„Со Odyssey G6, ги спојуваме ултра-високата стапка на освежување и подобрената јасност на движењето, истовремено овозможувајќи им на гејмерите да се префрлаат помеѓу режимите на прикажување, во зависност од нивните преференции за играње”, изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен потпретседател на Одделот за визуелни дисплеи (VD) во „Samsung Electronics“. „Ќе продолжиме да ја унапредуваме технологијата на дисплеи за да го направиме искуството со играње уште поимерзивно.”.

Брзина и јасност за конкурентно играње

Двојниот режим им овозможува на играчите да ја изберат стапката на освежување што одговара на играта со едноставно менување на резолуциите за пофлексибилно и оптимизирано искуство со играње. Без разлика дали на гејмерот му е потребна висока резолуција за игра со имерзивен отворен свет или побрза стапка на освежување за стрелач од прво лице, Двојниот режим нуди лесно менување врз основа на преференциите. Во HD режим, мониторот достигнува до 1.100 Hz стапка на освежување за сцени со брзо движење, додека во QHD режим, тој нуди поостра резолуција од 2.560 x 1.440 со до 600 Hz.

Odyssey G6 исто така ја воведува Odyssey Clear Motion, функција што го намалува заматувањето при движење за да им помогне на играчите да ја видат акцијата со брзо движење појасно во критичните моменти од играта. Преку оптимизираниот алгоритам за намалување на заматувањето, Odyssey G6 ги одржува сцените со брзи промени јасни и остри. По неговото воведување кај Odyssey G6, „Samsung“ планира да ја донесе технологијата Odyssey Clear Motion и кај повеќе модели на гејминг монитори.

Глатка игра и детални HDR визуелизации

Odyssey G6 ја поддржува технологијата HDR10+ GAMING на „Samsung“, која ги оптимизира осветленоста и контрастот во реално време за да испорача подобрени визуелизации и во светли и во темни сцени. Функцијата Black Equalizer исто така овозможува полесно гледање на деталите во потемните сцени со приспособување на пониските нивоа на светлина, додека автоматски се приспособува на жанрот на играта за оптимално гејминг искуство.

Поддршката за компатибилност со NVIDIA G-SYNC™ и AMD FreeSync™ Premium помага да се намалат наглите сецкања, пречки на екранот и заостанувањето за поглатка игра кога се користи со компатибилни графички картички.

Поврзување дизајнирано за практичност

Кристално чистиот квалитет на сликата е поддржан од напредни опции за поврзување. Со еден DisplayPort 2.1 влез и два HDMI 2.1 влеза, Odyssey G6 нуди поврзувања за повеќе уреди. Функцијата Auto Source Switch+ ги детектира новоповрзаните извори за играчите да можат да ги менуваат влезовите без рачно да ги префрлаат. Практичното искуство е подобрено со премиум, ергономскиот дизајн на Odyssey G6. Играчите можат да ги прилагодат аглите на вртење, навалување и ротирање, како и висината, за да одговараат на нивните сопствени гејминг поставки.

Odyssey G6 се надоврзува на водечката позиција на „Samsung“ на глобалниот пазар на гејминг монитори, на која компанијата се наоѓа веќе седум последователни години, од 2019 до 2025 година.

Достапноста, цените и почетокот на продажба се разликуваат во зависност од пазарот. За повеќе информации, посетете ја страницата samsung.com.