Познатата компанија Grammarly, во текот на вчерашниот ден објави дека се ребрендира и новото име на компанијата ќе биде Superhuman. Не треба многу да се размислува за да се заклучи дека ова име е поврзано со вештачката интелигенција, а што овие две години не е ?
Покрај ВИ, Grammarly се ребрендира и поради фактот што од компанијата веќе имаат неколку производи кои не се секогаш директно поврзани со првиот производ, па сега под брендот Superhuman ќе бидат сите овие производи.
Под Superhuman достапни се Grammarly, познатата апликација за проверка на текстот при пишување, Coda, сервисот за продуктивност, Mail, како и новиот ВИ асистент Superhuman Go.
Сите овие производи сега се достапни посебно, но и преку пакет преку кој се достапни сите, па станува јасно дека Grammarly, односно Superhuman имаат за цел да станат поширока и важна алатка за компаниите во времето на вештачка интелигенција.
„Superhuman претставува фундаментална промена во начинот на кој размислуваме за вештачката интелигенција на работа“, рече Шишир Мехротра, извршен директор на Superhuman. „Името „Superhuman“ го одразува нашето верување дека вештачката интелигенција треба да ги засили човечките способности, а не да ги замени или да ги принуди луѓето да се прилагодат на нејзините ограничувања. Нашата визија е вештачка интелигенција што го прави секој човек подобар преку работа насекаде каде што работи, разбирање како всушност работи и обезбедување на она што му е потребно во вистинско време, за луѓето да можат да престанат да управуваат со алатки и да почнат да се фокусираат на работата што е важна.“
















