Група од 21 научник за првпат после повеќе децении успешно открива нова класа на антибиотици, нешто што е доста важно како откритие во време кога светот се соочува со резистенција на постојните од страна на бактериите.
Очекувано, поради напредокот и популарноста изминатите година дена, откритието е направено со помош на вештачката интелигенција, поточно конкретни модели на таканаречено „длабоко учење“.
Откритието, кое е објавено во магазинот Nature и веќе е проверено од други научници, е направено од страна на научници од MIT, Broad Institute of MIT and Harvard, Integrated Bioscience, Wyss Institute for Biologically Inspired Engineering, како и Leibniz Institute of Polymer Research.
Научниците во процесот на нивното истражување имаат направено виртуелно испитување на повеќе од 12 милиони соединенија „кандидати“, а резултатот е идентификувањето на новата класа на антибиотици.
Потребно е продолжување на истражувањето и тестирањата за да сигурно се потврди можноста да се надмине проблемот со резистентност на моменталните антибиотици, но од тоа што досега е објавено, очекувањата се оптимистички.
Научниците ги имаат тренирано моделите на вештачка интелигенција да можат да ја предвидат активноста и токсичноста на соединенијата.
Методот кој е користен за ова откритие ќе се користи во иднина и за други медицински откритија, односно на овој успех треба да се гледа и пошироко од само откритието на нови антибиотици.
Вештачката интелигенција, покрај можните негативни влијанија за кои се предупредува, јасно е дека ќе има многу големо позитивно влијание, а посебно во науката и медицината.































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)







