Скопје, 18 ноември 2026 година – Самсунг („Samsung“) ја лансираше бета-програмата за One UI 9.5, давајќи им на корисниците можност за рана презентација на One UI 9.5 пред неговото официјално деби.
Бета-верзијата на One UI 9.5 воведува попрецизни контроли за камерата, персонализирани здравствени увиди, подобрени функции за пристапност и посилна заштита на приватноста за секојдневна употреба.
Режимите Enhanced Pro и Pro video им даваат на креаторите прецизни поставки во раце, а Samsung Health нуди поперсонализирани искуства со функцијата Mindful Note за водење дневник и Medications за потсетници и следење.
Лебдечките кратенки ги држат основните контроли на дофат, а подобрените контроли за слушни апарати во панелот со известувања го прават Galaxy подостапен, додека App Lock ги обезбедува поединечните апликации за побезбедна секојдневна употреба.
Бета-програмата за One UI 9.5 е отворена од денес за корисниците на серијата Galaxy S26 на одредени пазари, вклучувајќи ги Германија, Индија, Кореја, Полска, Обединетото Кралство и САД. Корисниците кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат за да се приклучат на бета-програмата преку апликацијата „Samsung Members“.






































