Фото: Tom's Guide и TechRadar

Како што сигурно знаете, после 7-8 години, односно скоро цела декада на постоење на пазарот на уреди на преклоп, Apple дури сега реши да влезе со нивниот прв iPhone на преклоп, iPhone Duo

Јасни се причините зошто од компанијата дури сега се одлучија на истото, но дефинитивно интересно е тие да се слушнат директно од новиот директор, Џон Тернус, како и познатиот Грег Џозвиак, главниот на маркетинг во Apple. 

Во видеото тие го објаснуваат процесот на размислување, како се имаат справено со линијата на превиткување на екранот, а посебно за прилагодувањето на софтверот и генералното корисничко искуство. 

Покрај iPhone Duo, на настанот оваа недела Apple ги претстави и iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, кои сега доаѓаат со „варијабилна апертура“, AirPods 5, како и Apple Watch Series 12 и Apple Watch Ultra 4

Видеото во кое разговараат Џон Тернус и Грек Џозвиак е направено од страна на Tom’s Guide и TechRadar, а можете да го погледнете во продолжение.