Nokia-C1

Протекоа првите фотографии од смартфонот кој треба да го врати финскиот гигант на сцената. Се работи за телефон кој најверојатно ќе доаѓа со инсталиран Android Marshmallow или Windows 10 Mobile оперативен систем и ќе биде веројатно сместен во средно – високата класа на телефони.

Според првите информации, уредот ќе има дисплеј со големина од 5 инчи и 1080p резолуција, што е помалку од најострите дисплеи на конкуренцијата, како на пример Galaxy S6, но сигурно незабележливо ако го гледате од нормална далечина. Процесорот ќе биде Intel Atom, веројатно од новите “X” модели, а ќе биде помогнат од 2 GB рам меморија.

Спецификациите секако не ја кажуваат целата приказна и се уште немаме информации за камерите, каде Nokia отсекогаш била силна. Исто така, од фотографиите не може да се потврди дека телефонот ќе има метална изработка, иако според нивниот таблет N1, може барем да се надеваме на тоа.

Nokia-C1-Rumor copy

Многу нејаснотии има и околу вградениот оперативен систем. Android верзија ќе има со сигурност, но изненадува тоа што во најавите има и Windows 10 Mobile. Доколку се случи тоа, ќе биде особено интересно, бидејќи и Microsoft планира Surface Phone со Intel Atom процесор, кој ќе може да работи и со старите Win32 апликации, што значи дека Nokia може и да го престигне до неодамна главниот партнер…

Но, зошто е толку важно враќањето на Nokia идната година? Одговорот е многу еднсотавен – Финците дури и пред да бидат продадени на Microsoft, беа едни од најголемите иноватори во секторот на мобилната телефонија. Ова значи дека нивното враќање не само што ќе донесе уште еден производител на квалитетни смартфони, туку ќе го забрза развојот на уште подобри телефони од сите производители.

Извор: GSMArena, Nokia Power User, BGR

Претходна статијаViber воведе можност за бришење на испратените пораки
Следна статијаPi Zero е новиот мини компјутер на Raspberry кој чини само 5 долари