На церемонијата на доделување на наградите „Бизнис Лидер“, Publicis Groupe Македонија е прогласена за најдобра маркетинг агенција во Македонија, признание што ја истакнува континуираната посветеност на агенцијата, силата и експертизата на нејзиниот тим и креативниот пристап во создавањето ефективни комуникациски решенија.

Признанието доаѓа во година кога агенцијата слави 30 годишен јубилеј, период во кој оствари силен придонес врз развојот на маркетинг и комуникациската индустрија во земјава. Во основата на успехот на Publicis Groupе стои тим кој секојдневно создава комуникациски решенија со јасна идеја, силна стратегија и современ креативен израз. Агенцијата низ годините се позиционираше како доверлив партнер на брендовите, градејќи кампањи што не само што ја следат динамиката на пазарот, туку носат резултати и активно ја обликуваат комуникациската култура во земјата.

„Ова признание е пред сè за нашите вработени, за нивната енергија, посветеност и креативност. Во нашата работа најважни се идеите што создаваат вредност, тимската соработка и довербата што ја градиме со клиентите. Оваа година одбележуваме и јубилеј 30 години на континуирана работа, на професионалност и фокус секој проект да донесе нешто релевантно, силно и да остави траг во нашето опкружување – на тоа сме посебно горди,“ истакна Александра Дилевска, CEO на Publicis Groupе Македонија и Хрватска.

Наградата за најдобра маркетинг агенција на конференцијата „Бизнис Лидер“ е исто така потврда за успешниот модел на Publicis Groupe во Македонија и начинот на кој агенцијата работи веќе 30 години, помагајќи им на брендовите да растат, да се трансформираат и да останат релевантни. Препознатлива по својот глобален пристап „Power of One“, агенцијата ја поврзува силата на својата меѓународна мрежа со талентот и енергијата на локалниот тим, со цел да го најде вистинското решение за клиентите. Publicis Groupe докажува дека информациите и големите идеи и понатаму остануваат највредниот производ на комуникациската индустрија, а умешноста на нивното имплементирање е она што ја прави една агенција успешна. 

Агенцијата негува работна култура во која креативноста, знаењето и различните перспективи се поттикнуваат и развиваат. Тимовите работат низ интегриран пристап, комбинирајќи стратегија, креативни идеи, медиумски и дигитални решенија и активности за корисничко искуство, со цел да создадат комуникации кои се релевантни за брендовите и блиски до луѓето.

Церемонијата на доделување признанија се одржа на 15 октомври 2026 година во Македонската филхармонија во Скопје , во присуство на менаџери и бизнис лидери од различни дејности. Признанијата беа доделени на компании кои се истакнуваат во своите области и придонесуваат за економскиот раст, развојот на деловната култура и конкурентноста во земјата. Publicis Groupе е прогласена за најдобра маркетинг агенција во Македонија според деловните индикатори.