
Додека пазарот за компјутерски хардвер се соочува со недостиг и високи трошоци, софтверскиот сегмент исто така бележи поскапувања кои ќе се одразат на купувачите.
Според неофицијални информации, Microsoft ги зголемил цените на „OEM“ лиценците за Windows 11. Овие лиценци ги купуваат производителите за да го инсталираат системот на нивните уреди, овозможувајќи им на корисниците да добијат целосно подготвен компјутер веднаш по купувањето.
Иако компанијата вообичаено ги зголемува цените на овие лиценци секоја година, досегашниот раст се движел во рамките на едноцифрени проценти. Сепак, претставници од индустријата истакнуваат дека почнувајќи од јули оваа година, просечното зголемување достигнало меѓу 7 и 10%.
Ова претставува скок во споредба со претходните години, а ваквото двоцифрено поскапување се смета за невообичаено отстапување од досегашната деловна практика на компанијата кон нејзините хардверски партнери.
Иако овој потег не ги засега директно корисниците бидејќи тие не ги набавуваат „OEM“ лиценците, зголемените трошоци за производителите неизбежно влијаат врз крајната цена на производите. За да ги задржат своите профитни маржи, производителите на компјутери се очекува да ги пренесат овие оптоварувања врз купувачите.
Како резултат на тоа, корисниците кои планираат да купат компјутер со однапред инсталиран Windows 11 може да се соочат со повисоки малопродажни цени во период кога пазарот веќе е под притисок на хардверската криза.
За да ги избегнат овие дополнителни трошоци, корисниците имаат алтернативни опции на располагање. Едно од решенијата е набавка на компјутер без претходно инсталиран оперативен систем и самостојна инсталација на некоја од дистрибуциите на Linux. Овој пристап со отворен код им овозможува на купувачите да ги елиминираат трошоците за лиценците на Microsoft и да го намалат вкупниот буџет потребен за нов хардвер.
Секако, тука треба да се додаде и можноста за купување на поевтин компјутер кој кога е во прашање Linux, би немал проблем да функционира одлично.






































