Фото: Samsung

Скопје, 10 ноември 2026 година – Како што луѓето ги „фаќаат”, зачувуваат и прегледуваат спомените на повеќе уреди, како мобилни телефони и таблети, чувањето на тие моменти безбедни и лесно достапни станува сè поважно. За да се задоволи оваа растечка потреба, Самсунг („Samsung”) нуди услуга за синхронизација на Галеријата (Gallery) во соработка со Гугл („Google”).

Синхронизацијата на „Samsung” галеријата со просторот за зачувување на „Google” овозможува пристап до фотографии и видеа на сите поддржани Galaxy уреди. Почетокот е едноставен. Ако вашите кориснички профили на „Samsung” и „Google” се поставени на уредот, можете да ја овозможите синхронизацијата во галеријата без да креирате посебна сметка во „облак“ (cloud).

Исто така, можете лесно да се префрлате од еден на друг уред, додека вашите фотографии и видеа ви се на дофат. На пример, фотографирајте на вашиот Galaxy телефон и прегледајте ги во галеријата на вашиот таблет. Најавете се со истите кориснички сметки на „Samsung” и „Google” и овозможете синхронизација на секој поддржан уред.

При поставување нов Galaxy уред, најавете се со истите кориснички сметки на „Samsung” и „Google” што сте ги користеле за синхронизација на галеријата на вашиот претходен уред. Вклучете ја синхронизацијата за да ги видите прегледите на вашите фотографии и видеа. Ако ви е потребна оригинална датотека, можете да ја изберете посакуваната и лесно да ја преземете на вашиот уред.

Фото: Samsung

За да ви помогне да направите простор за повеќе спомени, „Samsung” воведува нова функција што ви овозможува да ослободите простор на вашиот уред. Откако фотографиите и видеата ќе се синхронизираат со „Google” просторот за складирање, можете да ја користите функцијата „Ослободи простор”, опција за отстранување на оригиналните датотеки од уредот и ослободување на простор на уредот, додека фотографиите во минијатурен приказ остануваат видливи во галеријата.

Синхронизацијата на галеријата го користи достапниот простор на вашиот „Google” кориснички профил, кој е заеднички за „Gmail”, „Google Drive” и „Google Photos”. „Google” профилите вклучуваат до 15 GB бесплатно.

Поддршката е првично достапна на одредени Galaxy уреди што користат One UI 9 и постепено ќе се проширува. За да ја поставите синхронизацијата, допрете на иконата за „облак“ во галеријата или изберете на „Започни” на картичката со совети. Алтернативно, можете да ги отворите поставките во апликацијата „Галерија”, да ја вклучите опцијата „Синхронизирај фотографии и видеа” и да ги следите упатствата на екранот.