Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со сите расположливи паметните домашни системи, кои ги поврзуваат контролата на осветлувањето, греењето и ладењето, безбедноста, аудио-визуелната опрема и другите уреди во една целина. Да се информираат како тие придонесуваат кон поголема контрола, безбедност и заштеда на енергија во домот, и колку е едноставно, но практично нивното автоматско приспособување кон навиките и потребите на корисниците.
Енергетската ефикасност не значи откажување од удобноста, туку паметно користење на енергијата со помала потрошувачка и пониски трошоци. Дека со соодветна изолација, ефикасни системи за греење и ладење и автоматизирано управување со уредите, домот може да стане поекономичен, поудобен и поодржлив.
Токму ваквите практични решенија и технологии ќе бидат во фокусот на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026, што од 29 до 31 октомври ќе се одржи во Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот ќе ги обедини на едно место идеите и иновациите што го менуваат начинот на кој живееме, работиме и управуваме со енергијата.
Меѓу компаниите што ќе ги претстават своите иновативни решенија е и Energy Intelligence, специјализирана за современи паметни технологии и интегрирани системи приспособени на потребите на корисниците. Со спојување на техничка експертиза и пристап насочен кон клиентите, оваа компанија ќе презентира решенија што ја оптимизираат потрошувачката, ја зголемуваат ефикасноста и создаваат поудобни и побезбедни простори за живеење и работа. А целта е секој дом или деловен простор да добие функционален, модерен и енергетски ефикасен систем, создаден според конкретните потреби на корисникот, истакнуваат од компанијата.
„За Energy Intelligence, учеството на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 претставува одлична можност да ги доближиме современите технологии за автоматизација и енергетска ефикасност до пошироката јавност и професионалната заедница. Повеќе од седум години Energy Intelligence работи на развој и имплементација на современи технички решенија, со реализирани проекти во различни типови станбени, деловни и комерцијални објекти. Како компанија специјализирана за интеграција на напредни технички системи, развиваме и имплементираме комплетни решенија за паметни домови и објекти, автоматизација и управување со објекти, енергетски менаџмент и мониторинг, управување системи за греење и ладење, паметно осветлување, контрола на пристап, видеодомофонија, безбедност и алармни системи, видеонадзор, комуникациска инфраструктура и други интегрирани
технологии, изјави Мартин Матески – Управител Energy Intelligence.
Годинава ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе се одржи паралелно со Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026, создавајќи единствен простор каде енергетиката, технологијата, градежништвото и недвижностите се среќаваат. На едно место посетителите ќе можат да разгледаат понуди, да споредат решенија и директно да разговараат со компании и експерти.
ЕНЕРГО ТЕХНОМА ќе понуди практичен увид во најновите системи за автоматизација, паметно управување со домот, безбедност, осветлување и контрола на потрошувачката. Посетителите ќе имаат можност да постават прашања, да добијат стручни совети и да изберат решенија соодветни за нов дом, реновирање или деловен објект.
Покрај решенијата за домот, саемот ќе прикаже и нови достигнувања во енергетиката, ИКТ, автоматизацијата, роботиката, машинството и одржливите индустриски практики.
Без разлика дали планирате нов дом, сакате да го модернизирате постојниот простор или барате деловни партнерства, ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 се вистинското место да ги запознаете технологиите што ја градат попаметната и поефикасна иднина.
Посетете ги РЕАЛ ЕКСПО и ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 од 29 до 31 октомври во Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“ и откријте како паметните технологии и енергетски ефикасните решенија можат да го преобразат вашиот дом.








































