Минатата недела NASA успешно го испрати својот петти ровер на Марс. Perseverance успешно слета на црвената планета и по неколкудневното тестирање на системите ќе ја започне својата мисија за барање на знаци за поранешен живот на планетата. Местото каде што слета роверот е посебно избрано поради верувањето дека порано таму имало река, па шансите за докази за живот се сметаат за поголеми.
NASA оваа недела ги објави и првите слики од слетувањето на Perseverance, како и слики од самиот ровер, а најави дека кога ќе заврши добивањето, ќе го објави и видеото во висока резолуција од процесот на слетување.
Ова видео сега е спремно и објавено за гледање, а од агенцијата објавија и панорамска слика од роверот, како и првите звуци кои ги има снимено.
„Ова видео од слетувањето на Perseverance е најблиску што можете да дојдете до слетување на Марс без да облечете вселенски скафандер. Треба да стане задолжително гледање за младите жени и мажи кои не само што сакаат да истражуваат нови светови и да го изградат леталото кое ќе ги однесе таму, туку исто така би сакале да бидат дел од разновидните тимови кои ќе ги постигнуваат сите овие цели во иднина.“ – истакна Томас Зурбушен од NASA.
Видеото, панорамската слика, како и звуците, можете да ги погледнете во продолжение.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



