Фото: Samsung

Скопје, 28 октомври 2026 година– Презентација за подготовка, викенд за планирање, идеја што вреди да се истражи. Со Galaxy AI и шестмесечен пробен период за Google AI Pro (достапен за корисници кои ги исполнуваат условите), Galaxy S26 FE ви ги става на располагање практичните алатки со вештачка интелигенција во текот на целиот ден.

Кафето е сè уште топло, но денот веќе се полни со обврски. Треба да се истражат одредени работи пред состанок, презентацијата чека вовед, а плановите за викендот се расфрлани низ пораки и зачувани слики од екранот. Вашиот телефон веќе е дел од секоја од овие задачи. А што ако може да ви помогне побрзо да напредувате со нив?

Galaxy S26 FE обединува алатки за секојдневните моменти, од развивање идеи преку Gemini, пребарување на содржината што се појавува на екранот, па сè до истражување можности за промени на вашите фотографии. Покрај функциите на Galaxy AI вградени во уредот, шестмесечниот пробен период за Google AI Pro им овозможува на корисниците кои ги исполнуваат условите проширен пристап до напредните можности на Gemini и доволно време да откријат каде тие можат навистина да направат разлика.

Претворете го слободниот момент во корисен почеток

Додека сте меѓу состаноци, конечно ви доаѓа идеја за презентација. Наместо само да си оставите кратка белешка и подоцна повторно да ја составувате мислата, го отворате Gemini на вашиот Galaxy S26 FE и барате од него да направи нацрт врз основа на вашите клучни точки.

Можете да испробате поинаков вовед, да побарате појасна аргументација или да разгледате прашање што би можела да го постави вашата публика. Пред да се вратите на бирото, веќе имате почетна основа која вреди да се доработи. Вашата проценка и личен стил сепак ќе ја обликуваат конечната презентација, но првиот чекор е веќе направен.

За теми што бараат подлабоко истражување, функцијата Deep Research може да собере информации од повеќе извори и да ги организира во извештај. Google AI Pro овозможува проширен пристап до оваа алатка и до напредните модели на Gemini, давајќи ви повеќе простор за истражување на сложени прашања во текот на пробниот период. Иако наодите сепак треба да се проверат, тие ви нудат материјал што можете да го процените и дополнително да го развиете.

Практичната придобивка е тоа што можете да дејствувате додека прашањето или идејата се сè уште свежи. Неколку минути поминати со телефонот можат да претставуваат почеток на работа што ќе ја продолжите подоцна.

Оставете простор за планови надвор од работата

Истиот пристап може да биде корисен и кога станува збор за приватни обврски. Можеби патувањето за викенд сè уште постои само како збир од предлози во групен разговор. Во Gemini, можете да опишете каков вид на патување сакате, со колку време располагате и кои се заедничките интереси на сите, а потоа да побарате почетен план што дополнително ќе го прецизирате.

Опуштено утро или густ распоред? Повеќе време на отворено или неколку културни посети? Развивањето на планот преку разговор ви дава конкретна основа за дискусија, наместо само уште една листа со неповезани идеи. Пред да направите резервација, можете да ги проверите актуелните детали и да ги прилагодите предлозите според вашиот буџет и претпочитања.

На уредот Galaxy S26 FE, планирањето може да започне каде и да се одвива разговорот. Шестмесечниот пробен период ви овозможува да им се навратите на ваквите редовни задачи и да одлучите кои начини на користење на Gemini заслужуваат место во вашето секојдневие.

Фото: Samsung

Следете го она што ќе ви го привлече вниманието

Понекогаш, истражувањето започнува без конкретно прашање. На екранот ви се појавува некоја модна комбинација, а одредено парче облека или чевли ве тераат да застанете со прелистувањето. Со функцијата „Circle to Search with Google“ (Заокружи за пребарување со Google) на Galaxy S26 FE, можете да го заокружите парчето облека и да го побарате директно од екранот. Започнувате од она што го гледате, без претходно да морате да го опишувате во посебно пребарување.

„Circle to Search“ е достапна независно од понудата „Google AI Pro“ и во секојдневното користење на телефонот, служи за една едноставна цел, да ви овозможи полесно да го следите вашиот интерес во моментот кога тој ќе ви го привлече вниманието.

Од инспирација до визуелна идеја

Подоцна, некоја фотографија во вашата галерија може да поттикне идеја за лична покана или некој дополнителен проект. Со „Photo Assist“, дел од „Galaxy AI“ искуството на Samsung на уредот Galaxy S26 FE, можете да дефинирате насока и да користите референтни слики за да истражувате различни визуелни промени.

Започнете со слика, разгледајте го резултатот и одлучете што е потребно да се прилагоди. Ова ви овозможува да експериментирате со материјали што веќе ги имате на телефонот, додека вашата идеја сè уште се обликува.

„Photo Assist“ е исто така независна од претплатата „Google AI Pro“, но двете можат да бидат корисни за различни аспекти од истиот проект: „Gemini“ може да ви помогне да истражите одредена тема или да подготвите текст, додека „Photo Assist“ ви помага во работата на визуелната насока.

Шест месеци за да откриете што функционира за вас

Вредноста на вештачката интелигенција (AI) станува појасна преку нејзино постојано користење. Нацрт започнат помеѓу два состанока. План за викенд кој добива јасна форма. Детал пронајден директно на екранот. Визуелна идеја развиена врз основа на зачувана фотографија.

Со Galaxy S26 FE, ова се практични начини да извлечете повеќе од телефонот што веќе е дел од вашето секодневие. Шестмесечниот пробен период за Google AI Pro ви овозможува со текот на времето да истражите проширен пристап до Gemini, покрај другите алатки со вештачка интелигенција достапни на уредот.

Изберете задача на која често се навраќате и забележете ја разликата. Дали побрзо стигнавте до корисен нацрт? Дали прегледувањето на истражувачките материјали стана полесно? Дали успеавте да придвижите некоја идеја напред во моментот, наместо да ја оставите за подоцна?

Одговорите ќе се разликуваат од човек до човек. Важно е да ги пронајдете алатките што ви помагаат да вложите помалку напор при започнувањето на работата, а да посветите повеќе внимание на одлуките, идеите и плановите што ви се важни.

Шестмесечниот пробен период за Google AI Pro на Galaxy S26 FE подлежи на условите на понудата и критериумите за подобност. Претплатата автоматски се обновува по важечката месечна цена, освен ако не ја откажете пред истекот на пробниот период. Функциите на Galaxy AI и „Circle to Search“ се одвоени од понудата за Google AI Pro. Достапноста на функциите зависи од јазикот, регионот и корисничката сметка. За одредени функции може да биде потребна интернет-врска и најавување на корисничка сметка. Резултатите генерирани од вештачка интелигенција треба да се проверат за точност.