Google денеска го одржа нивниот „Made by Google“ настан, па како што веќе знаевме, на него ги претстави нивните најнови хардверски производи. Секако, главното внимание го привлекуваат Pixel смартфоните, односно Pixel 11 серијата.
Од неколкуте видео кои ги изгледав од познатите „јутјубери“ како Маркез Браунли и „Mrwhostheboss“, Google донесува доста мала надградба кај новата серија.
Сите три модели, односно Pixel 11, Pixel 11 Pro и Pixel 11 Pro XL работат на новата генерација од чипот од Google, Tensor G6, кој очекувано донесува најмногу подобрување во делот за работа со вештачката интелигенција. На овој чип Gemini Nano јазичниот модел треба да овозможи уште повеќе локални извршувања, односно поретко повикување на моделите од серверите на компанијата, а посебно за помалите и поедноставни задачи.
Кај Pixel 11 се истакнува намалувањето на модулот за камерите кој сега е за 40% потенок, нешто што на некои корисници им прави доста голема разлика.
Pixel 11 Pro и Pixel 11 Pro XL донесуваат подобрување кај екранот, наречен Super Actua екран, кој сега има до 3.600 „нити“ осветленост, како и подобар слој против гребаници.
Почетната меморија кај трите модели е 256GB, нешто што е одлично што полека станува стандард на пазарот, па повеќето конкуренти веќе се откажуваат од моделите со 128GB простор за податоци.
Кај Pro моделите оваа година корисниците добиваат и поддршка за Qi 2.2 стандардот со што се добива можност за безжично полнење со 25W, а Google најавува 15 часа функционирање со 15 минути полнење.
Една од главните новини кај новата Pro моделите е наречена „HiLight“, што во основа е LED сијаличката кој стандардно е поставен на модулот за камерите, но овој пат на корисниците ќе им овозможува светло во различни бои со што ќе може да се користи про комуникација со Gemini, за посебно конктати и слично.
Основниот модел добива подобрена камера со 48 мегапиксели и можност за 56% поголема осетливост на светлина.
Целата детална објава од Google можете да ја прочитате тука.







































