Фото: Xiaomi Македонија

Во септември 2025 година, Xiaomi претстави премиум паметен телефон кој ги помести дотогашните граници на дизајнот и функционалноста на мобилните уреди. Серијата Xiaomi 17 Pro, лансирана ексклузивно на кинескиот пазар, привлече особено внимание со иновација што дотогаш ја истражувале малку производители на паметни телефони – револуционерниот заден екран (Back Display).

По исклучително позитивните реакции во Кина и повеќе од една година интерес од меѓународната јавност, Xiaomi е подготвен да го подигне овој иновативен концепт на повисоко ниво. Претстојната серија Xiaomi 18 Pro ќе донесе нова генерација на технологијата Back Display на глобалниот пазар, отворајќи ново поглавје во развојот на паметните телефони.

Back Display: Нова димензија во користењето на паметните телефони

Со претстојната серија Xiaomi 18 Pro, компанијата Xiaomi продолжува да ги поместува границите на начинот на кој ги користиме паметните телефони, претставувајќи уште понапреден и пофункционален заден екран – Back Display.

Низ годините, Xiaomi континуирано истражува нови дизајнерски решенија и начини на интеракција со паметните телефони, од уреди со екран што зафаќа речиси цела предна површина, преку преклопливи модели налик на пасош, до иновативниот заден екран. Оваа карактеристика, првпат претставена во рамки на серијата Xiaomi 17 Pro, предизвика голем интерес во Кина и го привлече вниманието на корисниците ширум светот.

Со новата серија Xiaomi 18 Pro, компанијата дополнително го унапредува овој концепт и ја носи неговата поразвиена верзија на глобалниот пазар, истражувајќи го потенцијалот на задниот екран како една од новите насоки во развојот на паметните телефони, паралелно со преклопливите уреди.

Фото: Xiaomi

Back Display носи многу повеќе од впечатлив дизајнерски детаљ. Осмислен е за да им понуди на корисниците конкретни придобивки при секојдневното користење, од брз преглед на известувањата и интеракција со апликациите до нови можности за фотографирање. Со сè поголем број поддржани апликации, задниот екран овозможува дополнителна флексибилност, практичност и поедноставно користење на уредот.

Оваа иновација уште еднаш ја потврдува посветеноста на Xiaomi кон развојот на премиум технологии што се поинтелигентни, поинтуитивни и приспособени на реалните потреби на корисниците.

Ново поглавје во долгогодишното партнерство меѓу Xiaomi и Leica

Иако Back Display несомнено е една од најпрепознатливите карактеристики на серијата Xiaomi 18 Pro, новите премиум модели носат подеднакво големи очекувања и во областа на мобилната фотографија.

Во годината кога Xiaomi и Leica одбележуваат пет години соработка, двете компании се подготвени дополнително да ги унапредат можностите на мобилната фотографија и да претстават уште еден значаен резултат од заедничкиот развој на иновации. Благодарение на системот камери Leica, корисниците ќе имаат поголема креативна слобода и можност да забележат сè, од спонтани секојдневни моменти до незаборавни глетки од патувањата.

Back Display дополнително ги проширува можностите за мобилна фотографија и создавање содржини. Користејќи ги главните Leica камери на задната страна на уредот за снимање селфи фотографии, корисниците ќе можат да го искористат целиот потенцијал на напредниот систем камери, додека задниот екран ќе им овозможи преглед на кадарот во реално време. Така, пред фотографирањето ќе можат точно да видат како изгледаат во кадарот, што значително го олеснува снимањето квалитетни селфи и групни фотографии.

Истата функционалност отвора нови можности и за креаторите на видеосодржини и влогерите, кои при снимање со главните камери ќе можат да го следат кадарот во реално време, со поголема контрола врз конечниот резултат.

Дизајн што привлекува погледи

Xiaomi продолжува да ги поместува границите на дизајнот на паметните телефони, пронаоѓајќи нови начини да ги обедини естетиката, функционалноста и интуитивната интеракција со уредот.

Надоврзувајќи се на концептот на задниот екран, првпат претставен со серијата Xiaomi 17 Pro, новата генерација носи уште пософистицирано дизајнерско решение. Back Display и модулот со камери се хармонично интегрирани под единствена стаклена површина, со што се постигнува изедначен изглед на задната страна што на серијата Xiaomi 18 Pro ѝ дава препознатлив, елегантен и модерен карактер.

Новата серија Xiaomi 18 Pro ќе биде достапна во неколку атрактивни бои, внимателно избрани за дополнително да го истакнат нејзиниот премиум дизајн. Без оглед на избраната варијанта, секој модел се одликува со посебна комбинација од елеганција, софистицираност и впечатлив карактер.

Наскоро откриваме повеќе

Глобалната премиера на серијата Xiaomi 18 Pro е сè поблиску, а компанијата Xiaomi се подготвува за само неколку дена да открие повеќе детали за своите нови премиум уреди. Официјалното претставување е закажано за вторник, 17 ноември, во Париз.

Од новата генерација на технологијата Back Display, преку најновите достигнувања во областа на мобилната фотографија со Leica, до препознатливиот дизајн, серијата Xiaomi 18 Pro носи бројни иновации што допрва треба да бидат откриени.

Следете нè, бидејќи наскоро пристигнуваат уште новости.