Фото: Џон Просер / fpt.

Apple најверојатно следната година ќе го претстави iPhone Air 2, наследникот на тенкиот iPhone Air што дебитираше лани со само една камера на задната страна, нешто што, заедно со батеријата, предизвика доста критики кај корисниците.

Ново видео од YouTube каналот „fpt.“ сега го открива наводниот дизајн на телефонот, а се чини дека Apple ги зел предвид забелешките.

Во видеото најмногу внимание привлекува промената во бројот на камери. Наместо едната 48-мегапикселна камера од првиот модел, iPhone Air 2 наводно ќе дојде со две камери, односно главна од 48 мегапиксели и ултра-широка, исто така од 48 мегапоксели. Тоа значи дека корисниците ќе можат да сместат повеќе детали во кадарот при фотографирање, а промената делува како логичен одговор на критиките околу првиот модел.

iPhone Air 2 може да се очекува да биде претставен на почетокот од идната година, заедно со iPhone 18 основните модели, кои првпат нема да бидат дел од есенскиот настан во септември, на кого оваа година се очекува претставувањето на iPhone Ultra, првиот телефон на преклоп од Apple.

Тоа што е интересно во видеото од Просер е најавата дека во иднина сите iPhone-и ќе бидат iPhone Air, односно сите модели ќе бидат тенки и веќе нема да има потреба од името Air. Тој прави споредба со iPhone X моделот кој донесе поголем редизајн и стил кај iPhone, стил кој потоа стана дел од сите нови модели.

Видеото можете да го погледнете во продолжение, а во истото Просер говори и за очекувањата од новиот директор на Apple, Џон Тернус, кој ќе дојде на позицијата од септември.