Во јавноста се појавија конкретни информации за капацитетот на батериите кои ќе бидат имплементирани во претстојните паметни телефони Galaxy S27 Pro и Galaxy S27 Ultra. Податоците првично потекнуваат од порталот GalaxyClub, за кој познатиот „Ice Universe“ истакнува дека е познат по своето беспрекорно досие кога станува збор за прецизноста на информациите поврзани со батериите на уредите од јужнокорејскиот производител.
За потсетување, се очекува дека Samsung идната година ќе додаде уште еден модел кај Galaxy S27 серијата, кој ќе го носи името Galaxy S27 Pro. Овој телефон треба да ги има скоро истите карактеристики со Ultra моделот, но со помал екран, односно Samsung ќе ја прилагоди својата понуда да биде послична со таа на Apple.
Во однос на конкретните спецификации, моделот Galaxy S27 Pro ќе располага со батерија која има номинален капацитет од 5087 mAh. На пазарот и во комерцијалните материјали, овој уред се очекува да се промовира со типичен капацитет од 5200 mAh. За крајните корисници, овие параметри сугерираат стабилна автономија која треба да одговори на барањата на секојдневното користење на уредот.
Најмоќниот модел во новата серија, Galaxy S27 Ultra, ќе понуди уште поголем енергетски капацитет. Номиналниот капацитет на батеријата кај овој телефон изнесува 5534 mAh, што во комерцијална смисла најверојатно ќе се преведе како типичен капацитет од 5700 mAh. Ваквиот капацитет директно влијае на корисничкото искуство, овозможувајќи подолг период на континуирана работа помеѓу две полнења, што е особено важно за корисниците со поинтензивни потреби.
„Ice Universe“ изречно нагласува дека објавените параметри претставуваат директно протекување на податоци, а не аналитички шпекулации или претпоставки. Ваквиот увид им дава на потрошувачите јасна слика за хардверските конфигурации на претстојната линија на паметни телефони долго пред нивното официјално претставување.
Овие капацитет изгледа укажуваат на тоа дека Samsung конечно се имаат одлучено да почнат да ја користат поновата технологија на батерии со поголема густина, барем до одреден степен.









































