Скопје, 1 јуни 2026 – Промената на мобилниот телефон некогаш се чинеше како почеток од нула – префрлање фотографии, пораки и навикнување на целосно ново корисничко искуство. Сепак, голем број корисници продолжуваат да преминуваат на Samsung Galaxy, при што речиси половина од нив ја избираат премиум линијата Galaxy S Ultra. Денес, овој премин никогаш не бил поедноставен.
„Samsung” нуди низа функции дизајнирани да го направат префрлањето лесно, без разлика дали за првпат го истражувате светот на Galaxy, го поставувате вашиот нов уред или започнувате да го користите во секојдневието.
Try Galaxy – Тестирајте го Galaxy искуството пред да го промените телефонот
Ако сте љубопитни да видите што сè нуди Galaxy, можете да започнете со негово тестирање директно на уредот што веќе го имате во рака. Функцијата Try Galaxy ви овозможува да ја испробате најновата One UI платформа на вашиот сегашен телефон. Таа ги симулира клучните карактеристики, па можете да истражите како функционира Galaxy пред да ја донесете финалната одлука. Со ова, добивате реално чувство за навигацијата, прилагодувањето и користењето на Galaxy уредот со ваше сопствено темпо.
Smart Switch – Понесете сè што ви е потребно со вас
Нема ништо пофрустрирачки од тоа да го вклучите вашиот нов телефон и да сфатите дека не можете да го најдете она што ви треба. Апликацијата Smart Switch ви помага да ги префрлите вашите контакти, фотографии, пораки, апликации, календари, поставки и многу повеќе од стариот телефон на вашиот нов Galaxy уред. Ова усовршено искуство сега е уште побрзо. Ве води низ целиот процес чекор по чекор, а имате опција за трансфер по безжичен пат, преку кабел или од резервна „cloud“ копија. Тоа значи дека не започнувате од почеток – вашиот нов телефон е веќе конфигуриран со нештата на кои се потпирате секојдневно, па можете да продолжите точно таму каде што сте застанале.
Quick Share – Споделувајте едноставно помеѓу различни уреди
Треба да испратите датотека или фотографија до пријатели кои користат различни уреди? Штом ќе почнете да го користите вашиот Galaxy, можете да ја искористите предноста на Quick Share– вградената функција на „Samsung” за споделување датотеки која овозможува беспрекорно праќање фотографии, видеа и други документи помеѓу Galaxy телефони, таблети и компјутери. Плус, можете да споделувате датотеки во целосен квалитет преку споделување во близина (nearby sharing), линкови или QR-кодови, без оглед на уредите и екосистемите.
Quick Share исто така ги препознава и блиските Apple уреди, што ја прави компатибилна со AirDrop, овозможувајќи уште полесно искуство при трансфер на фотографии, видеа и датотеки. Тоа значи дека повеќе не мора да размислувате со кого споделувате – работата едноставно функционира.
Преминот е олеснат
Со можноста да ги тестирате омилените функции на фановите преку Try Galaxy пред да го купите уредот, да ги задржите информациите што ви значат и да останете поврзани низ различните екосистеми, целото искуство на преминување кон Galaxy е дизајнирано да биде едноставно и директно, за да не пропуштите ниту еден момент.
Подготвени сте да истражите нешто ново? Откријте го најновото од Galaxy, вклучувајќи ја и новата серија Galaxy S26, и погледнете колку лесно може да биде префрлањето на Samsung.com.






































