
Задоволство ни е да Ве известиме дека македонското студио за мобилни апликации Codewell ја лансираше својата прва македонска игра за деца од пред училишна возраст за оперативниот систем iOS – Фарма. Воедно, Фарма претставува и прва игра на македонски јазик за iPad.

Фарма е комплет од игри од едукативен карактер за деца на возаст помеѓу 4 и 8 години. Во моментов, Фарма се состои од 2 игри – меморија и криенка – кои ќе го предизвикаат размислувањето на вашето дете, додека во исто време ќе му овозможат и одлична забава. Играта е одлична за вежбање и подобрување на меморијата на вашите најмили, како и за учење и повторување на буквите од азбуката и читање на едноставни зборови.

Тоа што е најважно, е дека оваа игра е на македонски јазик, што значи дека Вашето дете ќе се забавува додека го слуша и чита мајчиниот јазик! Наскоро во Фарма ќе следат уште две игри: сложувалка – игра која ќе го разбуди логичкото размислување и снаодливоста кај детето, како и игра со чија што помош децата ќе можат да ги научат боите.
Играта Фарма можете да ја превземете од официјалната продавница на Apple, т.е. од следниов линк:



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



