Како што претходно пишувавме при првичните најави за оваа платформа, апликацијата Fitbit сега и официјално се ребрендира во Google Health, означувајќи нова ера во дигиталното следење на здравјето и физичката активност.
Оваа промена, која веќе започна да им станува достапна на корисниците преку задолжително софтверско ажурирање, ја трансформира досегашната околина во централизиран простор за сите здравствени податоци.
Додека препознатливото име Fitbit ќе продолжи да се користи исклучиво за хардверските уреди како паметни часовници и „фитнес тракери“, целосниот софтверски екосистем отсега ќе функционира под капата на Google.
Постоечките корисници автоматски преминуваат на новиот систем, каде целата нивна историја на активности, параметри за спиење и кардиолошки метрики се безбедно и транспарентно мигрирани во нивните профили.
Новата апликација станува централно место каде ќе може да се следат информациите како што се тие за спиењето, физичката активности и генералните информации за „здравјето“ на корисникот.
Може да се каже дека со оваа промена Google конечно оди по патот на Apple кои одамна својата Health апликација ја користат како едно централно место за сите информации со можност за поврзување со повеќе други апликации.
Иако пуштањето може да оди постепено, за повеќето корисници Google Health веќе е достапна преку Play Store и App Store, а за корисниците на Fitbit, потребна е само надградба.






































