Фото: РСБСП

По повод 24-ти мај денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј и престојниот продолжен викенд се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено на отворените патни правци кон туристичките места, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата.

Со пораката „Вози одговорно – Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.

Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот.

Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен:

  • Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, ограничувањата на брзината и поставената сообраќајна  сигнализација
  • Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно
  • Бидете трпеливи покажете сообраќајна култура и етика во сообраќајот
  • Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас
  • Не користете мобилен телефон и други електронски уреди додека учествувате во сообраќајот

Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото.

Да го прославиме празникот безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла – „Вози одговорно – Секој живот е важен“.

РСБСП Ви посакува честит празник.