Марк Закерберг, преку неговиот Instagram канал, најави дека WhatsApp добива поддршка за испраќање на слики во повисока, односно HD резолуција. Не е познато дали и каква компресија ќе имаат овие слики, но сепак мали се шансите да немаат и да се испраќаат во оригиналната форма.
Користа на една ваква можност е што одредени слики кои ги испраќаат корисниците важно е да бидат испратени со добар квалитет, како на пример добри слики од планинарење или позадини за уредот.
Стандардниот квалитет во кој се испраќаат сликите обично има доста голема компресија, како и намалување на резолуцијата, а тоа е со цел да се заштеди просторот на корисникот кој сигурно добива голем број на слики.

Корисниците ќе имаат можност да го изберат HD квалитетот при испраќањето, а на горната страна додадена е икона која го означува тој квалитет.
Корисниците можат да ја очекуваат оваа новина во неделите што следат, а како нареден чекор се најавува и можноста за испраќање на видеа во повисока резолуција.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



