Скопје, 21 август 2026 година – Перењето не треба да ви го прекинува денот. Откријте како Самсунг („Samsung“) машините за перење, создадени со фокус на тивко работење, им помагаат на домаќинствата ширум Европа конечно да уживаат во мирот.
Постои еден момент што повеќето од нас добро го познаваат. Конечно сте успеале да го успиете бебето, сте се сместиле за мирна вечер дома или сте започнале со работа од домашната канцеларија и токму тогаш машината за перење влегува во фазата на центрифугa. Познатото брмчење, вибрациите што се чувствуваат низ подот и нискиот механички звук што како да го исполнува целиот дом. Тоа е една од оние мали секојдневни непријатности што лесно ги прифаќаме како нормални, но тешко ги игнорираме.
Излегува дека не сте единствени. Ново истражување на SmartLabX покажува дека една четвртина од европските потрошувачи ја смета бучавата од машината за перење за вистински проблем. Тоа не е маргинална забелешка, тоа значи дека едно од секои четири домаќинства посакува перењето да биде малку потивко. „Samsung“ веќе го создаде токму тоа: тивка машина за перење, прецизно инженерски развиена до степен што лесно можете да заборавите дека воопшто работи.
Технологијата зад тишината
„Samsung“ машините за перење се меѓу најтивките на пазарот, а технологијата што го овозможува тоа е вградена во самата нивна конструкција. Во срцето на системот се наоѓа Digital Inverter Motor, кој користи моќни магнети за да го намали триењето и да ги сведе вибрациите на минимум во секоја фаза од циклусот на перење. Резултатот е поглатко, поефикасно и значително потивко работење.
Перењето така добива чувство на смиреност и контрола, наместо да биде наметливо. Без разлика дали станува збор за дневно перење или за циклус доцна навечер, машината работи доволно тивко за лесно да се вклопи во секојдневниот ритам на домот – разговорите продолжуваат, телевизорот останува јасно чуен, а мирот во просторот не се нарушува.
Зошто бучавата од машината за перење денес е поважна од кога било
Современите домови денес се многу пофункционални отколку порано. Кујната често е поврзана со дневната соба, дневната соба станува домашна канцеларија, а спалната соба понекогаш е само еден ѕид подалеку од просторот каде што се пере алиштата. Во таков амбиент, гласната машина за перење не е само мала непријатност. Таа може да го наруши сонот, да ја прекине концентрацијата и да го одземе чувството на мир што треба да го нуди домот. „Samsung“ машините со ниско ниво на бучава ја елиминираат токму таа непотребна пречка, овозможувајќи перењето тивко да се одвива во позадина додека сè друго продолжува непречено.
Моќно перење без непотребна бучава
Тивката машина за перење нема голема вредност ако не пере добро. Затоа „Samsung“ ја разви технологијата AI EcoBubble, која обезбедува висок квалитет на перење без компромис. Пред почетокот на циклусот, детергентот се меша со вода и воздух, создавајќи фина пена што брзо продира длабоко во ткаенините, дури и при перење со ладна вода. Помалку топлина, помалку бучава и почиста облека. AI Wash оди чекор понатаму и автоматски ја анализира големината на полнењето и степенот на извалканост на алиштата, а потоа самостојно го приспособува циклусот на перење. Машината прецизно пресметува што е навистина потребно и ништо повеќе од тоа.
SmartThings: Тивко, паметно и секогаш под ваша контрола
„Samsung“ машините за перење со ниско ниво на бучава беспрекорно се поврзуваат со апликацијата SmartThings, овозможувајќи целосна контрола врз перењето директно од вашиот паметен телефон. Можете да закажете циклус да започне пред да се разбудите, да го следите неговиот напредок од друга просторија или да добиете известување во моментот кога перењето ќе заврши. Така алиштата не остануваат долго влажни во барабанот, а машината никогаш не работи подолго отколку што е потребно. Тоа е искуство на перење што се приспособува на вашиот живот, а не обратно.
Толку тивка што речиси нема да забележите дека работи
Еден од четири европски потрошувачи е подготвен за потивка машина за перење. „Samsung“ веќе ја создаде, машина што работи со ниво на бучава од 72 децибели, пере прецизно со ладна вода и речиси незабележливо се вклопува во ритамот на современиот дом.
Така бебето продолжува да спие, вечерта останува мирна, а домашната канцеларија останува место за концентрација. Перењето едноставно се завршува тивко, ефикасно и целосно според вашиот ритам. Затоа што најдобрата технологија не е онаа што постојано го привлекува вниманието, туку онаа што го прави секојдневието помирно.
За дополнителна безгрижност и долготрајна сигурност во вашиот дом, „Samsung“ подготви и посебна понуда за 2+3 години продолжена гаранција на апаратите за домаќинство. Искористете ги сите предности на иновативната AI технологија и обезбедете вкупно 5 години заштита и поддршка за вашиот нов апарат








































