Веќе неколку пати спомнавме дека најновиот знаменосец на Samsung ќе има прилично висока цена, а сега стигнува и потврда од mobilegeeks.de, веб сајт кој е обично прецизен со протечените информации.

Според нив, во Европа Galaxy S8 ќе чини 799 евра, додека Galaxy S8+ ќе чини 899 евра. Ова се повисоки цени од сите Galaxy S модели досега и иако очекувани, можат да бидат препрека за голем број на купувачи. Во Велика Британија, пак продавницата MobileFun објави цени во фунти, кои исто така се 799, односно 899, што значи дека околу 150 евра повисоки. Според истите извори, двата модели ќе бидат достапни во три бои – црна, сребрена и виолетова.

Samsung цената ја оправдува со многу новитети, како поголеми дисплеи со потесен сооднос од 18,5:9 и многу мала рамка, моќни процесори, можност за користење како десктоп компјутер итн. Причина за високата цена сигурно се и Edge дисплеите, кои ќе бидат стандард во оваа генерација. Да потсетиме, Edge моделите редовно се поскапи од обичните Galaxy S модели.

Како и секогаш, оваа вест треба да се земе со мала задршка, но тоа не значи дека треба да очекувате многу пониски цени. Galaxy S8 и S8+ дефинитивно ќе бидат скапи смартфони. Тие инаку треба да бидат претставени на посебна промоција во Њујорк на 29 Март, додека продажбата ќе почне во Април.

Извор: Techno Buffalo, Android Authority, BGR

Претходна статијаКако Will Turner се вклопува во Pirates of the Caribbean 5
Следна статијаMicrosoft лансира “open source” платформа за тренирање на автономни возила