Фото: Microsoft

Microsoft објави нова серија на ажурирања за својот прелистувач Edge, со кои значително се прошируваат можностите на вештачката интелигенција преку директна интеграција на Copilot. 

Промените се достапни за корисниците на десктоп и мобилните уреди и имаат за цел да го поедностават пребарувањето и организирањето на информациите. 

Како дел од оваа транзиција, компанијата официјално го укинува досегашниот издвоен режим за Copilot, интегрирајќи ги неговите функции директно во основниот интерфејс на прелистувачот.

Една од најзначајните новини е можноста асистентот да анализира податоци од повеќе отворени „табови“ истовремено. Ова им овозможува на корисниците да споредуваат информации, како на пример производи или локации, без потреба од постојано рачно префрлање помеѓу страните. 

За мобилната верзија на Edge, ова претставува значајно олеснување во секојдневната навигација. 

Дополнително, прелистувачот сега користи меморија базирана на историјата на прелистување и претходните разговори, со што генерира порелевантни одговори кои се надоврзуваат на веќе започнатите истражувања.

Функцијата Journeys, која претходно беше ексклузивна само за десктоп, сега е достапна и на мобилните уреди. Таа автоматски ја организира историјата на прелистување во тематски целини со кратки резимеа, помагајќи им на корисниците полесно да се вратат на претходните активности. 

За оние кои претпочитаат гласовна интеракција, достапни се опциите за „глас и визија“, преку кои може да се споделува екранот и да се поставуваат прашања за тековната содржина без користење на тастатура. 

Самата почетна страница на прелистувачот е редизајнирана со цел да ги обедини пребарувањето, разговорите со вештачката интелигенција и класичната веб навигација на едно место.

На крајот повторно се поставува прашањето што значи за приватноста на корисниците, а уште поважно, нивната способност се поголемата интеграција на ваквите функции, па изгледа времето ќе покаже. 

Целата објава од Microsoft можете да ја прочитате тука