Ние разбираме дека Државниот Архив на Македонија во овој момент се соочува со големи предизвици. Тој има тешка мисија “да го чува и заштитува вековното културно и државното наследство на Македонија“ а кога мисијата е безвременска, тогаш сигурно и очекувано е дека во некои фази ќе се појават предизвици кои треба да се надминат.
Нашата мисија во ИНБОХ, како Архив е ИДЕНТИЧНА и затоа чувствуваме и професионална и општествена одговорност во овој момент да ги понудиме сите наши ресурси – архивски депоа, архивски сефови, логистика опрема, технологија и човечки ресурси во служба на Државниот архив за да се надмине предизвикот со кој се соочува. Нема место за паника, туку рационално и одговорно однесување.
Ние упативме формален допис до државниот архив, во кој го известуваме дека стоиме на располагање со сите ресурси без надомест во сите фази на организирање и управување со процесот на селење, привремена заштита и/или конзервација на архивскиот материјал.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



