Фото: DepositPhotos

Microsoft изгледа планира да престане да ги тера корисниците да го користат нивниот OneDrive сервис во Windows 11, а ова е една од критиките кои се насочени кон компанијата со години веќе. 

Според откритието од страна на Windows Latest, при прилагодувањето на компјутерот, а и при стандардното користење на најновата верзија од Windows 11, во делот за прилагодување на OneDrive, сега е достапна опцијата „Opt out of backup“. 

Со оваа нова опција, корисниците можат со еден клик да изберат да не го прилагодат и користат OneDrive, а досега тоа можеше само да биде одложено, па Windows 11 секако ќе ве потсетеше во иднина да продолжите со прилагодувањето на сервисот. 

Интеграцијата на OneDrive во Windows 11 е одлична функција, а критиките логично се во правец на тоа што Microsoft не им остава избор на корисниците дали би сакале да ја користат, без разлика колку е корисна. 

Ова е една од повеќе промени кои веќе се направени или ќе бидат направени, а во правец на подобрување на угледот на Windows 11, а и Microsoft генерално. После неколку години на посериозни критики, а посебно по масовното интегрирање на функции со генеративна вештачка интелигенција, Microsoft реши да преземе нешто, па засега може да се каже дека работите одат во добар правец.