Фото: Jens Herrndorff / Unsplash

Претстојниот продожен викенд, по повод празникот „1 Мај“, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и сл. 

РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

Сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, честопати фатални и ненадоместливи, за да може кој било да си дозволи неодговорно однесување во сообраќајот. Затоа, апелираме на етичност и одговорност, како и на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.  

Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое неправилно однесување во сообраќајот може да заврши со сериозни последици. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин придонесете доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците. Преземете мерки за ваша и сигурност на другите учесници во сообраќајот. 

Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира:

  • Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација
  • Задолжително користете сигурносен појас 
  • Не користете мобилен телефон, или друг уред со кој би Ви се одвлекло вниманието при управување со возило
  • Не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол
  • Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината
  • Планирајте го патувањето однапред и правете паузи за одморза време на патувањето
  • Бидете совесни и одговорни учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува  весел и безбеден продолжен празничен викенд.

#ВОЗИОДГОВОРНО – Секој живот е важен.