
Пазарот е преплавен од слушалки кои нудат висококвалитетен звук, но ништо не звучи подобро од француска компанија која продава бежични слушалки со дизајнерски шмек.
Создадени од францускиот дизајнер Philippe Starck, новите и подобрени слушалки Zik навистина со право добиваат признание од многумина. Направени од кожа, а наместо копчиња имаат контрола со гестови и исто така користат NFC технологија за да се поврзат со било кој уред.
Оваа втора генерација наречена Zik 2.0 нуди многу подоборувања во споредба со својот претходник кој и покрај тоа што доби доста добри оцени, сепак беше критикуван за тежината и неколку други недостатоци.
Со новиот дизајн на Starck се запазени дизајнерски линии по кои е познат овој модел на слушалки, меѓутоа доброто е што тежината на овој уред е намаленa значително по редизајнот од 330 на 217 грама. Доколку ги поврзете слушалките преку Bluetooth од компанијата ветуваат дека уредот ќе работи до 6 часа.

Новите сензори и микрофони помагаат во подобрување на квалитетот на звукот и во намалување на бучавата. Сензорите се активираат кога корисникот ќе ги тргне од глава слушаликите, односно ја паузираат музиката и повторно ја пуштаат кога ќе се вратат на глава. Уште една интересна карактеристка е сонзорот што отчитува вибрации на коски, па така кога уредот ќе забележи кога разговарате на телефон за да го намали звукот.
Синхронизацијата се одвива преку сосема нова апликација за iOS и Android во која подесувачот на фрекфенција е здеблен круг преку кој може да се намести било кој посакуван стил на слушање.
Овие не баш ефтини слуашки ќе се продаваат по цена од 399 долари, а ќе бидат достапни во Ноември на официјалната веб-страница и во продавниците на Apple и Brookstone.
Извор: Engadget



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



