Пет месеци по донесувањето на Gemini на десктоп, за почеток во форма на апликација за macOS, сега Google ја донесува апликацијата и на Windows.
Иако Windows има многу поголем број на корисници, не ретко се случува некои апликации прво да станат достапни на macOS, а посебно тие кои во голем дел се користат од страна на програмерите.
Од оваа недела корисниците на Windows 10 и Windows 11 можат да ја инсталираат Gemini десктоп апликација на нивните компјутери и да го користат овој „асистент“ директно, наместо со отворање на веб страната.
Покрај полесната достапност, со едноставно притискање на „Alt + Space“ копчињата, достапноста на апликацијата овозможува и неколку дополнителни предности за корисниците, кои ги нема преку веб верзијата.
Gemini на десктоп може да се користи со било која апликација, со едноставно споделување на екранот, па со тоа апликацијата може да види и добие контрола врз тоа што го работи корисникот. Потоа секако, корисникот може да добие секаква помош при работата.
За посериозна работа, тука е Gemini Spark, што во основа претставува интеграција на агенти во апликацијата, па корисниците добиваат можност да остават поголем дел од работата на вештачката интелигенција која добива пристап до датотеките на системот и слично.
Gemini за Windows веќе е достапна и може да се симне преку оваа страна.








































