Повеќе од 200 лидери од бизнис-заедницата, претприемачи, менаџери и носители на одлуки беа дел од петтото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, која се одржа во Скопје.
Централната тема „Money. Mind. Influence.“ отвори важни разговори за тоа како компаниите носат одлуки во услови на неизвесност, како се градат ментално отпорни и продуктивни тимови, како да се спречи burnout, но и како лидерството и влијанието директно влијаат врз организациската култура, вредностите и финансиските резултати.
„EqualXChange конференцијата ја започнавме со идеја да создадеме простор за еднаква размена на искуства, знаење и реални бизнис предизвици. Денес, кога лидерите истовремено се соочуваат со финансиски притисоци, потреба од високи перформанси, ментална отпорност и способност да влијаат и водат луѓе, темата „Money. Mind. Influence.“ е порелевантна од кога било. Особено нè радува што конференцијата веќе пет години расте во заедница која покажува дека постои реална потреба од вакви искрени и важни разговори“, истакна Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA и претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).
На конференцијата говореше и Марија Ристовска, раководителка на GEA, која потенцираше дека Алијансата се залага за еднаква плата за иста работа, еднаква застапеност на сите нивоа на мажите и жените и еднакви можности за напредок. Таа истакна дека EqualXChange од инспиративен настан прераснал во конференција за реални и зрели разговори за долгорочни промени во работната култура.
„Еднаквите работни средини не се создаваат преку еден настан или една иницијатива, туку преку континуирана соработка, свесност и заедничка одговорност“, порача Ристовска, заблагодарувајќи им се на компаниите, партнерите и организациите кои ја поддржуваат мисијата на GEA.

Во рамки на воведните обраќања, се обрати и заменик амбасадорката на Шведска, една од водечките европски земји во областа на родовата еднаквост, Елизабет Далберг Фриск, која ја нагласи важноста на инклузивните политики, одржливото лидерство и градењето работни средини кои овозможуваат еднакви можности за сите.
Програмата понуди динамична агенда со 10 keynote презентации, 2 fireside chat разговори и панел дискусијата Finance Talks by EOS, фокусирани на реални бизнис предизвици, современи трендови и практични искуства од различни индустрии. Посебен акцент беше ставен на теми како финансиска писменост и инвестирање, криптовалути и дигитални финансии, важноста на менталното здравје и спречувањето на burnout, психолошката безбедност во тимовите, инклузивното лидерство, преговарањето и влијанието, како и иднината на работата и организациската култура.
Покрај главната програма, конференцијата овозможи и значајни можности за networking и поврзување меѓу учесниците, како и expo сегмент каде компании и партнери ги претставија своите производи, услуги и иницијативи насочени кон развој на современо и одржливо бизнис-опкружување.
Реализацијата на конференцијата беше поддржана од партнери и организации кои препознаваат дека современото лидерство и одржливиот бизнис раст бараат вложување во луѓето, знаењето и организациската култура, меѓу кои PrimeClass.mk како златен партнер, EOS Matrix Македонија и проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Македонија“, финансиран од Европската Унија и спроведен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) како track партнери, Cosmo Tinex како сребрен партнер и Delight Office Solution како бронзен партнер, како и бројни пријатели на конференцијата.
Јубилејното издание на EqualXChange уште еднаш потврди дека темите како еднаквост на работното место, финансиска писменост, ментална отпорност, современо лидерство и организациска култура стануваат суштински дел од успешното и одржливо корпоративно работење.
Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија посветена на создавање инклузивна работна култура и промовирање еднакви можности за сите. Алијансата се залага за три главни столба: еднаква застапеност на мажи и жени на сите нивоа и позиции, еднаква плата за иста работа и еднакви можности за напредок. Работата на GEA ја поддржуваат Eurolink, Casys Сава Пензиско Друштво и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје, А1 Македонија, Евроинс Осигурување и CosLoveMetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се и Сава Осигурување, Publicis Groupe, Avenga Academy, IdeaLab, ProCredit Bank и EOS Matrix.
Повеќе информации за активностите и можностите за приклучување се достапни на: GEA – Gender Equality Alliance.





































