Фото: CrazyLabs

Првиот AI-форум за бизнис лидери во Скопје ги обедини луѓето што ја обликуваат локалната ИТ бизнис иднина, благодарение на визијата за потребата од ваков настан, и беспрекорната организација од страна на CrazyLabs.

Во организација на CrazyLabs, Crazy for AI: Executive Edition се одржа во Château Kamnik и ги покани бизнис лидерите од ИТ секторот, основачи, академици и претставници од јавниот сектор на отворен разговор за тоа како вештачката интелигенција го менува начинот на кој компаниите водат, создаваат и напредуваат. Настан од ваков тип се одржа за прв пат во Македонија, со цел да им даде можност на учесниците да ги споделат досегашни искуства и идните планови за блиската идина, во која вештачката интелегенција е неизбежна.

Фото: CrazyLabs

Вечерта ја отвори Mинистерот за Дигитална Трансформација, Стефан Андоновски, по што следуваа главно излагање на извршниот директор на CrazyLabs, Sagi Schliesser, разговор со Горан Стојановски и панел-дискусија модерирана од Гораст Цветковски, со панелистите Дамјан Дано,проф.д-р Димитар Трајанов, Наташа Тодова и организаторот Sagi Schliesser.

Фото: CrazyLabs

Разговорот отиде подалеку од ентузијазмот за AI. Се дискутираше за тоа што веќе функционира во реална примена, како Македонија може да премине од аутсорсинг кон развој на сопствени придукти и како компаниите и универзитетите треба да ја подготват следната генерација AI-архитекти.

Фото: CrazyLabs

Главниот заклучок: алатките не се најтешкиот дел. Вистинскиот предизвик е деловната култура — да се промени начинот на кој размислуваат лидерите, се насочуваат тимовите и како регионот ја дефинира својата улога во AI-економијата.

Ова е само прв чекор под покровителство на CrazyLabs кој се надеваме ќе води кон поширока дебата и плодни резултати.