Што се случува кога луѓето ќе ја насочат вештачката интелигенција кон проблемите во сопствената заедница? Одговорот ќе го добиеме за време на глобалната иницијатива Hack for Humanity, која оваа есен ги поврзува AI заедниците ширум светот со една заедничка цел, технологијата да се искористи за создавање решенија што навистина им помагаат на луѓето.
AI Collective Skopje се приклучува на Hack for Humanity како дел од StartUp Revolution AI Summit, со поддршка од INOVA и Women in Tech Macedonia.
Startup Revolution AI Summit, организиран од Startup Club Skopje е еден од најголемите стартап и AI самити во регионот, кој од 1 до 4 октомври во Скопје ќе ги собере стартапите, инвеститорите, AI лидерите и иноваторите од регионот и светот. На самитот се очекуваат повеќе од 2.000 учесници од над 50 земји, а како дел од неговата програма, Hack for Humanity ќе ги поврзе технологијата, креативноста и локалната заедница со цел заеднички да се создадат AI решенија за вистински предизвици.
Глобалниот Hack for Humanity обединува 130 AI Collective поглавја во 50 земји, поттикнувајќи ги локалните заедници да ги идентификуваат сопствените предизвици и, со помош на AI, да создадат конкретни решенија.
Идејата е едноставна: луѓето кои се најблиску до еден проблем треба да имаат можност да учествуваат во создавањето на неговото решение.
По разговорите што се одржаа во рамки на Humans in AI Week ова лето, кога заедниците ширум светот дискутираа што значи да се биде човек во ерата на вештачката интелигенција, Hack for Humanity го претвора разговорот во акција.
Во Скопје, учесниците ќе имаат можност да работат на реални локални предизвици – од технолошка писменост и пристапност, до вработување и други прашања кои директно влијаат врз нашата заедница.
Не мора да бидеш програмер
Hack for Humanity е настан за секој што сака да придонесе. Добредојдени се програмери, дизајнери, претприемачи, студенти, истражувачи, професионалци, креативци, експерти од различни области, но и сите кои имаат идеја, проблем што сакаат да го решат или едноставно сакаат да научат и да бидат дел од нешто ново.
Не е потребно претходно искуство во hackathon-и, ниту пак да имате готова идеја.
Потребни се љубопитност, желба за соработка и интерес да создадеме нешто што може да има вистинско позитивно влијание.
„Со нетрпение чекам да видам што ќе се случи кога на едно место ќе ги собереме луѓето, нивната креативност и потенцијалот на вештачката интелигенција, со јасна цел – да создадеме нешто добро за нашата заедница. Верувам дека решенијата што ќе произлезат од Hack for Humanity нема да бидат само резултат на еден ден работа, туку поттик за понатамошно користење на технологијата за добро и за создавање уште поголеми позитивни промени. Ги повикувам сите креатори – без разлика на нивното искуство или професија – да се пријават. Верувам дека ова ќе биде незаборавно искуство, но и можност заедно да покажеме колку многу можеме да создадеме кога технологијата ја користиме со вистинска цел“, вели Моника Ризовска Таневска, одговорна за AI Collective заедницата.
Во рамки на настанот, тимовите ќе имаат ограничено време да развијат идеја и прототип, а на крајот ќе ги презентираат своите решенија пред жири.
Најдобрите проекти од глобалните Hack for Humanity настани може да добијат можност да бидат претставени и преку глобалниот newsletter на AI Collective, кој има повеќе од 300.000 претплатници.
Агенда
16:00 – 16:15 | Брифинг за предизвиците
Запознавање со проблемите и поставување на предизвикот.
16:15 – 19:15 | Hack
Три часа за работа во тимови, развој на идеи и создавање AI решенија.
19:15 – 20:00 | Демонстрации и оценување
Презентација на проектите и избор на најдобрите решенија.
Целиот настан ќе трае од 16:00 до 20:00 часот.
Кога и каде?
Hack for Humanity: Skopje ќе се одржи во ИНОВА, во рамки на StartUp Revolution AI Summit.
Заинтересираните ќе имаат можност да дознаат повеќе за настанот и да постават прашања на информативниот ден на 30 септември, во Srekja Bar, Скопје, во рамки на септемвриското издание на AI Collective, кое започнува во 18:00 часот.
Бројот на учесници е ограничен на само 40 луѓе.
Доколку сакаш да бидеш дел од заедницата што ќе користи AI за создавање решенија со локално, но и пошироко општествено влијание, пријави се навреме.
Скопје е нашиот град. Проблемите се наши. А решенијата можеме да ги создадеме заедно.
Приклучи се на Hack for Humanity: Skopje и покажи што можеме да изградиме кога AI ќе го насочиме кон она што навистина им е потребно на луѓето.





































