FilmBox, клучен бренд во глобалното портфолио на SPI International, на 10 јуни ќе започне трансформација, претставувајќи ја својата нова стратегија за линеарните канали и стриминг услугата. Ребрендирањето воведува нов вредносен предлог, посебно позиционирање за секој канал и услуга, како и нова содржинска стратегија, заедно со нови имиња, логоа и аудиовизуелни идентитети.
Ребрендирањето на FilmBox означува стратешка пресвртница која носи поголема конзистентност помеѓу линеарните канали и стриминг услугата, истовремено јасно дефинирајќи го позиционирањето на секој бренд.
Освеженото портфолио ги воведува каналите FILMBOX+ One, FILMBOX+ Love & Crime, FILMBOX+ Hits, FILMBOX+ Emotion, FILMBOX+ Action, FILMBOX+ Comedy и FILMBOX+ Festival, секој прилагоден на различните потреби на публиката и преференциите за содржина.
Трансформацијата е заокружена со FILMBOX+ Stream – преименуваната стриминг услуга која нуди курирани колекции, богата библиотека со содржини и ТВ канали во живо за гледачите кои сакаат да гледаат, а не да „скролаат“. Услугата ќе биде лансирана под новиот домен filmboxplus.stream.
„FilmBox е камен-темелник на нашето меѓународно портфолио, со силно и растечко присуство низ Централна и Источна Европа и Балканот. Ова ребрендирање означува промислен чекор во следната фаза од неговиот развој, каде што прецизно прилагодената нова содржинска стратегија, усогласена со потребите на публиката и новиот вредносен предлог, се среќаваат со модерната архитектура на брендот,“ вели Патрицја Галонзка-Струзик, главен директор за маркетинг и дигитални технологии во SPI International.
Секој канал, како и стриминг услугата, ќе добијат модерен естетски дизајн за емитување и освежено лого. Шемата на бои е внимателно избрана за да го олесни разликувањето на каналите и да го нагласи уникатниот карактер на секој бренд.
Каналите ќе продолжат да се дистрибуираат преку водечките кабелски и сателитски оператори во над четириесет земји, особено ширум Централна и Источна Европа и Балканот.






































